ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на обука со директорите на средните стручни училишта: Со унапредување на стручното образование до квалитетен кадар и можност за вработување на младите

May 6, 2021 13:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Обука за активностите кои треба да ги спроведат директорите на средните стручни училишта каде во новата учебна 2021/2022 година започнува имплементацијата на концептот на дуално образование, како и за обврските кои треба да ги преземат во насока на ефективно партнерство со компаниите кои се дел од концептот и ќе учествуваат во едукацијата на средношколците, се одржа денес во просториите на Клубот на пратеници, а во организација на Министерството за образование и наука. 

 

Директорите беа запознаени со искуството и добрите практики во училиштата во државата во кои овој концепт веќе е воведен и дава добри резултати. Исто така за време на обуката се разговараше и за усогласувањето на наставните планови и програми по кои ќе се реализира наставата, а согласно кои е предвидено значително зголемување на бројот на часови за практична обука директно на работно место кај партнерските компании на училиштата.  

 

На обуката присуствуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска која се осврна на придобивките од воведувањето на концептот на дуално образование првенствено за учениците, но и воопшто за државата во целост. Таа истакна дека заложба на Владата и на МОН е со концептот на дуално образование да бидат опфатени сите средни стручни училишта, затоа што создава добро подготвени ученици за брз и успешен настап на пазарот на трудот, а обезбедува и добра основа за продолжување на образованието на високообразовните установи.  

 

„Драго ми е што преку еден интензивен дијалог кој го нарековме „Учи паметно, работи стручно“ заедно со вас како директори на училиштата, заедно со општините и компаниите, успеавме да ги утврдиме потребите на локално ниво за отворање на нови образовни профили и да воведеме струки кои се барани на пазарот на трудот, како многу значаен чекор за намалување на невработеноста во државата и тоа токму преку правилно конципирање на образовните политики“, рече Царовска.  

 

Министерката нагласи дека за концептот да успее и да ја постигне проектираната ефективност, директорите на училиштата имаат голема улога, бидејќи останува на нив заедно со наставничкиот кадар да го координираат целиот процес, а во секое време ќе имаат и поддршка од МОН.

 

„МОН ќе продолжи да ве поддржува и понатаму. Ќе се трудиме да обезбедиме што повеќе средства за опремување на кабинети и работилници за практична обука, ќе ве советуваме околу соработката со компаниите и секако, ќе ја продолжиме кампањата за  промоција на придобивките од средното стручно образование во интерес на тоа да училишните клупи во средните школи се пополнат со што повеќе ученици“, потенцираше Царовска.

 

Таа додаде дека за стимулација на младите да го избираат средното стручно образование, оваа година се предвидени 2000 стипендии од 3500 денари за 9 месеци во годината за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки во три и четиригодишно образование, како и 200 стипендии од 2200 денари исто така за цела учебна година, за ученици запишани на одредени дефицитарни струки, како електротехничка, машинска, угостителско – туристичка струка и други. 

 

Инаку, со новиот конкурс за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година предвидено е да се отворат 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Од нив, дури 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании воспоставени во изминатите неколку месеци. 

 

Концептот е целосно поддржан од компаниите. Согласно анкетата на МОН од почетокот на годинава, над 85% од нив изразија интерес да воспостават соработка со училиштата на локално ниво и да ги примаат учениците на практична обука. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ДКСК отвора предмети за „скалите на Шилегов“ и претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk