ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Паолучи: Недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму

May 7, 2021 11:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иако пристапот  до образованието е подобрен, квалитетот на образованието и натаму е предизвик како што е потврдено од резултатите на учениците во Македонија на меѓународните тестирања, дека недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму, истакна директорот на Светска банка (СБ) во државава Максимилијано Паолучи на денешната презентација на проектот за унапредување на основното образование во вредност од 21,5 милиони евра преку СБ.

Според индексот на Светска банка за човечки капитал за 2020 година, како што наведе Паолучи, децата родени денес во Македонија ќе бидат 56 проценти продуктивни отколку што би можеле да бидат доколку уживале целосно образование и здравство.

Паолучи предупреди дека пандемијата со Ковид-19, за жал се заканува уште дополнително да ги влоши исходите во основното образование.

-Со тоа што голем дел од учениците не ги совладуваат основните вештини за понатаму во животот подобрување на квалитетот на образованието е императив заедно со надминување на нееднаквоста  и на јазовите помеѓу  учениците од различни социоекономски карактеристики, наведе Паолучи.

Како што нагласи, проектот за подобрување на образованието ќе ја поддржи Владата во спроведување  на сеопфатни реформи како основа за долгорочни  подобрувања и со тоа ќе придонесе за градење модерен , ефикасен, продуктивен систем во Македонија и поконкурентен човечки  капитал.

Тој информира дека проектот ќе  соработува директно со основните училишта за унапредување на условите за учење, истовремено, како што потенцира, надоместувајќи ги загубите од учењето што се  генерирани поради пандемијата.

-Ќе ги поддржиме  ранливите групи, вклучително и Ромите, како и учениците кои се негативно погодени од кризата со Ковид-19. Фокусот на еднаквоста и квалитетот ќе и помогне на Македонија да го подобри својот човечки капитал, да ја подобри продуктивноста на пазарот на трудот и да поттикне поинклузивен пазар на трудот, истакна Паолучи.

Средствата што ги доби државава од СБ за проектот за образованието ќе бидат насочени кон инвестиции во училишната инфраструктура, зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и за реформата за следење и оценување на националниот прогрес во учењето, која има за цел развивање на програма за државно тестирање.

извор: МИА

Next Post

Средба на Османи со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од форматот Ц5 – Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и Унгарија

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk