ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: На граѓаните им е преку глава од декларативни заложби, носиме храбри одлуки, воведуваме систмески и генерациски промени

May 7, 2021 13:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На граѓаните им е преку глава од декларативни заложби кои ги слушаат изминативе 30 години, со право бараат ефикасен и праведен систем кој никого не смее да привилегира, ниту пак да заштитува, вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за магазинот „Капитал“.

Вицепремиерот Николовски посочува дека една од приоритетните цели е да се воспостави модел за координирање на сите задолжени институции за борба против корупцијата, кој брзо ќе испорачува резултати. Во интервјуто, Николовски зборува на повеќе теми, меѓу кои и за мерките од усовоениот План за борба за брба против корупција и идните политики.

„Целиот план е основа од која ние како општество ќе видиме огромен бенефит во годините пред нас без разлика кој е на власт. Содржи 18 системски мерки, подготвени врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независните тела,  како и врз основа на релеватните домашни и странски извештаи. И ова се храбри политики за ред, правда, дисциплина, за враќање на довербата во институциите, за општество ослободено од корупција. Огромен дел од тој план оди во линија на зајакнати контроли и зголемена транспарентност. Морам да потсетам, до пред неколку години воопшто не можевме да зборуваме за транспарентност, а уште повеќе да ја видиме како особина на минатата власт. Никој не знаеше ништо, имавме затворени институции, немаше транспарентност за што и како се трошат народните пари. Тоа време е завршено верувам засекогаш. Да, оваа власт е под лупа на јавноста и свесно влезе во таков ризик, но сме убедени дека по тој пат треба да одиме сите во иднина“, вели вицепремиерот Николовски.

При тоа, вицепремиерот Николовски посочува дека фокусот во Планот  е ставен на дигитализацијата, како единствен механизам за елиминирање на човечкиот фактор, со цел да се намалат ризиците и да се спречи корупцијата. Процесите за дигитализација се започнати, формирана е работна група, која има за цел да подготви соодветни измени и дополнувања на законите.

„Во моментов, секој орган, заради својата надлежност за одредена постапка, ги бара доказите директно од граѓаните, а истите тие докази веќе ги има кај себе или постојат кај друг надлежен орган. Во голем дел од постапките се бара копија од лична карта или пасош, извод од матична книга и државјанство. Нашата цел, преку целосна дигитализација на трите матични книги, ставање во полна функција на Централниот регистар на население, сите овие докази, органите автоматски да ги преземат од Централниот регистар на население, наместо граѓаните да ги приложуваат пред органите или да достават само извод од Централниот регистар на население, кој во себе веќе ги содржи податоците од овие три поединечни докази. Колку е помало влијанието на човекот, толку е помал просторот и ризикот од  корупција. Овие процеси ќе им помогнат и на надлежните органи за борба против корупција и криминал, бидејќи податоците кои им се потребни на сите органи за спроведување на конкретни предистражни или истражни мерки ќе им бидат веднаш достапни и ќе бидат точни и ажурни“, вели вицепремиерот Николовски.

Во интервјуто Николовски појаснува дека дел од мерките се однесуваат на дигитализација на истражните центри, воспоставување на Е-инспектор, создавање на централна база за издавање на лиценци и дозволи, воведување на систем за следење на предмети и претставки, измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, намалување налжчленовите на Управните одбори. Дополнително, Планот содржи задолженија и препораки за институциите и општините, како што е подготвоката на интерни процедури за јавни набавки, подготвка на годишна Антикорупциска програма, назначување на овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција.

 

Next Post

Министерката Шахпаска на тркалезна маса „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk