ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милевски: Преку проектот за прекугранична соработка со Грција обезбедивме ново возило за питка вода во Битола, Новаци и Могила

May 7, 2021 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку набавката на современо возило за техничка вода за пиење, јавното комунално претпријатие Водовод ќе може да опслужува три општини од Пелагонискиот регион Битола, Могила и Новаци.

– Набавката на цистерната се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка со Грција Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Би сакал да потенцирам дека ова е важно за битолчани и понатаму преку прекуграничните соработки поддржани од ЕУ, партнерски со Грција но и со останатите соседи ќе го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните низ целата држава, рече Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Инвестицијата е во износ од 73,900 евра во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15% поточно 11.085 евра, со цистерната ќе може да се обезбедуваат услуги за граѓаните од трите општини Битола, Новаци и Могила.

– Покрај оваа активност во рамките на овој проект, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион реализира уште безброј други активности за подигнување на свеста на населението со овие природни непогоди, покрај тоа направивме и заеднички прекугранични вежби со партнерите од Грција. Конкретно во Гермијан минатата година беше завршена надоградбата на заштитното корито коешто ќе го штити селото од поројните дождови кои нанесувале во минатото голема штета по имотот на овие жители. На овој начин се реши проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави. Овој проект е уште еден доказ дека прекуграничната соработка одлично се интензивира помеѓу нашите две држави и практично и општините, цивилниот сектор и другите институции спремни се да влезат и во третата фаза, и во ИПА III која што ќе се имплементира за периодот 2021-2027 година за којашто се предвидени неформално околу 40 милиони евра, изјави Милевски.

Со набавката на современо возило за техничка вода за пиење  се покрива потребата од вакво возило при непогоди, се исполнува одредбата од  член 10 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и се зајакнува системот за справување со непогоди на регионот.

На настанот присуствува градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, директорот на ЈП Водовод Битола, Горан Козаров, директорот на Центар за развој на Пелагониски плански регион, Гого Видимче и грчкиот конзул во Битола, Ахилеас Ракинас.

Next Post

Новата фабрика на ЛЕАР во ТИРЗ Тетово ќе отвори до 1500 нови работни места

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk