ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери на Конференцијата на претседатели на парламенти на Европската унија: Дигиталниот простор нуди нецензуриран простор за искажување на мислења водејќи сметка за слободата на говор, меѓутоа во исто време, е и плодна почва за ширење на говор на омраза и лажни вести

May 10, 2021 15:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дозволете да Ве поздравам сите од просториите на Собранието на Република Северна Македонија, во неможност од наше среќавање во живо затоа што пандемијата за жал се уште наметнува мерки на претпазливост и почитување на протоколите. Сепак, без оглед на начинот на одвивање на оваа Конференција, од нашите домаќини, од почитуваните експерти добивме корисни воведни информации, во текот на сесијата ќе успееме да размениме искуства од нашите национални парламенти во актуелниот дискурс, ќе следиме добри презентации и ќе имаме појасна слика за тоа како оваа промена во јавната сфера со дигитализацијата влијае на репрезентативната демократија, колкав предизвик претставува за неа и кои се можностите кои ги нуди, рече Џафери  во своето обраќање на Конференцијата на претседатели на парламенти на Европската унија на тема: „Предизвиците и можностите за репрезентативната демократија што ги носи јавната сфера која е променета со дигитализацијата“.

Јас можам да потврдам една конкретна придобивка за Република Северна Македонија, имено, благодарение на дигитализацијата, во шпанскиот Сенат, во виртуелен формат беше ратификуван Протоколот за наше пристапување во Алијансата на НАТО со што беше заокружена постапката за нашето полноправно членство за што сме исклучително благодарни.

Секако дека дигитализацијата ќе дојдеше кога тогаш, имајќи го предвид забрзаниот технолошки развој, глобализацијата, потребата од нелимитиран простор за истражување, работење, учество на глобалниот пазар на трудот, образованието, услугите и креирањето на јавното мнение по одредени конкретни меѓутоа и генерални прашања. Дигиталниот простор нуди нецензуриран простор за искажување на мислења водејќи сметка за слободата на говор, меѓутоа во исто време, е и плодна почва за ширење на говор на омраза, на лажни вести со цел креирање на погрешни и лажни слики за конкретни прашања и манипулирање со размислувањето на лицата кои се подложни на влијанија, кои не проверуваат факти и извори на вести и веруваат на сѐ што е сервирано на нет и со тоа стануваат дел од деструктивни и манипулаторски дејства и сили кои имаат матни и нејасни позадини. Спречувањето на овие негативни појави е обврска на надлежните национални органи, секако,  во тесна соработка со меѓународните органи. Но, не е помала должност и на сите институции, невладини организации и во крајна инстанца, на секој граѓанин поединечно да го даде својот ценет придонес. Собранието, претставничкиот дом на граѓаните има исклучително значајна димензија во овој контекст, имајќи го предвид разноликиот форум на политички претставници од различни провениенции, со различни програми и појдовни основи и идеологии.

Со почетокот на пандемијата, и ние, како и целиот демократски свет, се соочивме со неможноста од нормално функционирање на законодавниот дом. Неопходноста од почитување на здравствените протоколи од една страна, итноста од донесување на измени во Деловникот за работа на Собранието, ситуациите на отсуства на пратениците поради заболување со КОВИД-19, наметнуваа тешки, понекогаш и невозможни услови за работа. Направивме обид да се прилагодиме на онлајн функционирање на Собранието, меѓутоа за жал, не наидовме на разбирање од опозицијата. Се уште кај одредени политички претставници има мислење дека само со физичко присуство, во пленарна сала, ќе може да се допре вистински до граѓаните, нешто со што јас не се согласувам. Дел од активностите на Собранието, како соработка со невладините организации, работилници, учество на конференции се одвиваат онлајн без никаква пречка. Во меѓувреме, пратениците и службата се вакцинираа и веќе е аплицирана и втората доза така што, верувам дека кон крајот на месец мај веќе ќе бидеме во полн состав и ќе можеме да ја нормализираме работата на законодавниот дом. Меѓутоа, сакам да нагласам дека, без оглед на начинот, наша должност е секогаш да бидеме пример за водење на аргументиран културен дијалог, искажување проверени факти и вистини кои знаеме дека влијаат врз нашите граѓани и нивната перцепција и доверба во институцијата.

Дозволете да изразам благодарност до нашиот виртуелен домаќин, германскиот Бундестаг и Бундесрат за успешно организираната Конференција, со искрена верба дека парламентите ќе продолжат да играат клучна улога во унапредувањето на нашите општества, поддршка на регионалната соработка и полесно справување  со предизвиците што  ги носи иднината за да се отвори и олесни патот за нашите граѓани и нивното интегрирање во семејството на Европската Унија.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Триесетина деца затруени со храна од кумановската градинка „Ангел Шајче“, затворена кујната, се земаат мостри и брисеви

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk