ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Со новиот закон се дава можност за избор на три учебници за еден предмет

May 11, 2021 10:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот Закон за учебници е нешто што јавноста го бара подолго време, бидејќи досега имавме неквалитетни учебници, полни со дискриминирачки и неточни содржини. Сега се дава можност за избор помеѓу три учебника, односно се прави демонополизација на печатењето на учебниците. Истовремено се воведуваат инклузивни учебници, односно аудио учебници и учебници испечатени на Брајовото писмо, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на Клан ТВ.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањата на Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“, министерката посочи дека учебници и понатаму ќе има, исто како и настава.

Царовска истакна дека на одржаната средба со претставници на МОН, со присутните од Иницијативата воопшто не станало збор за дигитализацијата на учебниците, односно претставниците на групата зборувале за етика на религиите како предмет и укинување на родово сензитивните наставни програми, што е спротивно на Меѓународните конвенции кои државата ги има потпишано.

“Реформата на основното образование во земјата има единствена цел, учениците да научат да поврзуваат содржини од различни наставни програми, да истражуваат и носат конкретни заклучоци, а не само да го реплицираат наученото од учебниците.

Учениците од прво до трето одделение и понатаму ќе имаат печатени учебници, бидејќи во тој период се учи односот кон книгата и пишувањето”, рече Царовска.

Министерката истакна дека за учениците од четврто одделение и погорните класови, прва опција ќе бидат дигиталните учебници, поставени на дигитални алатки, но многу е важно дека дигитализацијата на материјалите за учење ќе се воведува етапно.

“Започнува со четврто одделение во учебната 2021/2022 година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години, со единствена цел, овие ученици за 10 до 15 години да имаат стекнато дигитални вештини и знаења, за да можат да се најдат на пазарот на труд”, рече Царовска.

Next Post

Заев на средба со потпретседателот на ЕК Тимерманс: Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk