ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја е внимателно одреден

May 12, 2021 13:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Без согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подрачја, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, коментирајќи ги реакциите за членот од новиот Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што беше изгласан вчера по скратена постапка во Собранието, а со кој е дозволено и легализација на дивоградби во за штитени подрачја.

Законот, наведе, беше во собраниска процедура година и половина и вчера беше изгласан од пратенциите со вградување на повеќе амандмани предложени од нив. Тој член од Законот, како нагласи, е доста внимателно одреден.

-Во однос на ова прашање не случајно е вграден и членот во којшто се вели дека во таков тип на подрачја и зони, секако ресорното Министерство коешто е надлежно или органот на државна управа, треба да даде согласност за можно ставање во правна рамка на објект во таква зона. Така што, доста и внимателно е одреден овој член. Секако без согласност од Министерството за животна средина конкретно нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подраја, зони во национални паркови итн.  И секако Охридскиот регион, регионот под заштита на УНЕСКО, е исто така исклучен согласно студиите коишто се на располагање на државата од УНЕСКО, и станбените згради со А2 намена исто така се исклучени, нема да бидат во постапки за ставање во правна рамка на такви големи градежни објекти и комплекси, изјави Бочварски.

Целта со овој закон, дополни, е плаќањето на пенали којшто е одреден, не легализација или ставање во правна рамка по едно евро за квадратен метар, туку полни комуналии колку што се плаќаат во матичната општина, плус 50 проценти казнени пенали.

Секако, потенцираше, целта е да ги одвратиме луѓето да повеќе не пристапуваат кон ваквиот тип на начин на градба па потоа легализација и со тоа сакаме да направиме еден притисок да ова е еден од чекорите и една од фазите за да можеме да ја намалиме ваквата појава во општеството, со што ќе се согласиме сите ја има постои.

-Секако другиот апсект е зајакнување на инспекциските служби коишто веќе се случува со покачување на платите на градежните инпектори со вработување на инспекциски служби во сите  коишто деноноќно и будно ќе следат понатаму да не ни се случуваат вакви појави.  И тогаш државата, убеден сум, дека ќе биде подготвена повеќе да не оди со вакви постапки на ваков тип закони, рече Бочварски.

Според него, треба да се има предвид и тоа што, како што рече, државата има национални прашања, проблеми и потреби коишто е потребно да се стават во правна рамка. Тоа, појасни, се објекти како далноводи, водоводи, можеби училишта и градинки што биле изградени по сите законски процедури во минатото, но не биле запишани во Катастар и ги немаме на имотен лист.  За тоа да се случи на веќе изграден објект потребно е да се стави во една правна рамка. За да може градоначалникот утре да реконструира едно одредено училиште, мора тоа училиште најпрвин да биде ставено, запишано во имотен лист во Катастарот на недвижности. И ова е еден од начините или единственот начин како тие прашања и проблеми се решаваат за да можеме да продолжиме и со одредени рекокснтрукции на тие објекти.

-Од тој аспект сме внимателни и очекуваме примената на овој објект и граѓаните да продолжат со поднесување барања до матичните општини во наредните шест месеци откако ќе стапи во сила овој закон, притоа строго почитувајќи го законот да се применуваат сите одредби од него, изјави Бочварски.

извор: МИА

Next Post

Хоџа: Со Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти ќе се спречи урбанистичкото дивеење

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk