ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи верува дека е можно решение и со техничката Влада на Бугарија

May 12, 2021 17:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се уште верувам дека постои можност да се влезе во посуштински разговори и со техничката Влада во Бугарија, имајќи предвид дека Бугарија во март минатата година даде веќе зелено светло за започнување преговори, односно кога се донесе политичката одлука, така што нема дилема дека има консензус по однос на одлуката за започнување преговори. Останува прашањето на текстот на преговарачката рамка како предуслов за одржување на првата меѓувладина конференција, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Османи најави дека идната недела очекува да има поголема дипломатска активност за евентуално, како што подвлече, да може да се дојде до решение кое би ни овозможило да го преминеме овој чекор за да може да се одржи првата меѓуладфина конференција во јуни.

-Не можам да гарантирам кој ќе биде епилогот на тие активности и тие разговри, меѓутоа знам дека е во интерес на сите бидејќчи овој имагинарен ѕид што се постави пред Северна Македонија стана веќе тест на кредибилитетот и тоа го знаат земјите-членки, но го знае и Бугарија и дека врз основа на тоа ќе се обидеме да најдеме начин да стигнеме до решение.

Османи за средбите што ги имале во Брисел, рече дека уште еднаш била реафирмирана поддршката за почеток на преговори со Северна Македонија веднаш, но и дека земјава е најдобриот ученик во регионот што заслужува да ги почне преговорите и тоа го кажаа сите претставници со кои вчера имавме средба.

Претходно, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, кој денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, рече дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија.

Како што рече тој, тоа зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија. Според него, не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

извор: МИА
Next Post

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

Жител на Петровец ја претепал сопругата и ѝ скршил три ребра, ОЈО бара притвор

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk