„Сигналите од Брисел се јасни – имаме поддршка и европските институции и земјите-членки на ЕУ немаат никаква диленма дека Македонија ги исполнила критериумите и заслужува да отпочне преговори. Исто така, важно е да се потенцира дека црвените линии се поставени – за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик не се преговара“ изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.
Таа повтори дека Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, во изминативе два дена беше во дипломатска офанзива.
„Она што е важно е да се водиме по фактите. Факт е дека сме членка на НАТО, факт е дека имаме македонски идентитет забетониран и признати сме со македонски јазик во целиот свет и така сме земја членка на НАТО алијансата. И не знам зошто би требало да постојат дилеми за македонскиот идентитет и јазик, кога веќе тоа многу пати се докажа дека тоа се црвените линии преку кој што никако оваа Влада предводена од СДСМ не преминува“ изјави Кузеска.





