„Кога зборуваме за земјоделството не треба да се гледа само социјалната компонента. Кај нас земјоделството е еден од главните економски двигатели. Кога се носат одлуки треба да се комбинираат развојот и социјалната компонента“ истакна министерот за земјоделство Аријанит Хоџа на „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Сите насоки што ги добиваме се дека треба да го окрупнуваме земјоделството, затоа се даваат и дополнтелни средства и поддршка за да се окрупнуваат индивидуалните земјоделци. Доколку не преземеме конкретни чекори ќе станеме зависни од увоз од соседните земји“ кажа министерот Хоџа.
Тој додаде дека Законот за продажба на земјоделското земјиште се носи со цел развој на земјоделието.
„Постојат млади кои се спремни да развијат идеја или бизнис план што ќе може да го кретириаат откако ќе го купат земјиштето. Тоа го видовме од примерот со оранжериите што беа продадени. На некои оранжерии им е дуплирано производството и приходите бидејќи им се овозможи да дојдат до нови средства за инвестиции“ кажа министерот Хоџа.





