ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

РЕТРО/Законот за дивоградби пред повторна собраниска процедура

May 15, 2021 09:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти, од партиите што го изгласаа укажуваат на формално-правната процедура со којашто тој повторно ќе оди во собраниска процедура. Во меѓувреме продолжија реакциите за усвојувањето на законот со гласови и на пратениците од владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски вчера го извести претседателот на Собранието Талат Џафери, дека одлучил да не го потпише Указот за прогласување на Законот, со образложение дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. Шефот на државата смета дека текстот на Законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што, потенцира, е основна задача на секоја институција на јавната власт.

Донесениот Закон во член 17 предвидува можност за легализација на бесправно изградени објекти дури и во „строг природен резерват, национален парк, споменик на природа, парк на природа, заштитен предел, заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, како и во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење“. Ваквата можност е прекршување на основната обврска на државата да ја штити животната средина, а дополнително можноста за легализација на бесправно изградени објекти во заштитни зони на вода за пиење потенцијално го загрозува јавното здравје, чијашто заштита е, исто така, законска обврска на државата. Можноста, во наведениот член, за легализација на бесправно изградени објекти во подрачје на заштитено недвижно културно наследство (поединечни добра, целини и археолошки локалитети) е повреда на законската обврска на државата да ги заштитува културните добра и културното наследство, пишува претседателот во дел од образложението на одлуката.

Апелира до сите пратеници, независно од политичката припадност, а водејќи се од словото на Уставот и јавниот интерес, уште еднаш, да размислат пред повторно да одлучуваат за овој текст на Законот.

Во коментар на одлуката на Пендаровски, вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски истакна дека формално-правно овој како и сите други закони се враќаат повторно во собраниска процедура, порачувајќи дека ќе се бара решение за да не се остават без покрив над глава 50.000 семејства.

Ова законско решение, додаде, според правните процедури, ќе дојде назад во Парламентот, поради што, како што рече, ги повикува сите естрадни политичари од Собранието да го искористат своето право за блокирање за законот и да не се кријат позади дневно политиканство.

Потегот на претседателот да не го потпише законот го поздравија од партиите Демократски сојуз , Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и од еколошкото здружение на граѓани „Фронт21/42“ од каде побараа повлекување од собраниска процедура на законите за легалзиација на довоградби.

-Добрата вест која стигна денес е дека Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, но она што не загрижува е понатамошниот пат на овој закон. Истиот се враќа во Собранието, кое има 30 дена повторно да го разгледа и гласа. Доколку се изгласа и по втор пат, претседателот нема друга опција освен да го потпише Указот. Сплотеноста на власта и опозицијата во однос на легализацијата на кривичното дело „бесправно градење“ не ни влева надеж за правна држава, наведоа од „Фронт21/42“.

Законот за третман на бесправно изградени објекти беше изгласан  по скратена постапка на почетокот на неделава, со 72 гласа „за“, три „воздржан“ и пет „против“. Со него се предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на негово стапување во сила и ќе важи до правосилно завршување на постапките почнати со него. Најмногу реакции уследија за можноста за легализација на дивоградби во заштитени подрачја, но според ресорниот министер Благој Бочварски тој член од законот е внимателно одреден и легализацијата ќе се врши само со согласност од Министерството за животна средина.

Со законот не се опфатени дивоградбите во Охридскиот регион под заштита на УНЕСКО, како и од станбените згради и нивни доградби и надградби. Во собраниска процедура е и Предлог закон за изменување на Законот за легализација на дивоградби, што беше донесен во 2011 година. Со него се предлага продлжување за уште пет години на тој Закон, којшто важеше до март годинава, со цел, според облазложението, да се заврши постапката за околу 140.000 барања за легализација што не се заокружени по различен основ.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk