Дубаи (арапски: دبيّ, Дубај) — најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати. Се наоѓа на југоисточниот брег на Персискиот Залив и е главен град на истоимениот емират, еден од седумте емирати што ја сочинуваат земјата. Абу Даби и Дубаи се единствените две емирати кои имаат право на вето над критичните прашања од национално значење во Сојузниот Врховен совет на земјата. Градот Дубаи се наоѓа на северното крајбрежје од земјата и се раководи од метрополитенската област Дубаи-Шарџа-Аџман. Дубаи ќе биде домаќин на Светска изложба 2020.
Дубаи се појавил како глобален град и деловен центар на Блискиот Исток. Исто така е главен транспортен центар за патници и товар. До 1960-тите, економијата на Дубаи се засновала на приходите од трговијата и, во помала мера, на концесии за истражување на нафта, но нафтата не била откриена до 1966 година. Приходот од нафта започнал да доаѓа во 1969 година. Приходите од нафта во Дубаи помогнале да се забрза раниот развој на градот, но нивните резерви се ограничени и нивото на производство е ниско. Денес, помалку од 5% од приходите на емиратот доаѓа од нафтата.
Во Дубаи може да ги најдете најлудите работи, и највозбудливите. Да си поминете бурно, но и неконвенционално. Во својата срж иако има многу граници – Дубаи го нуди адреналинот кој на сите ни е потребе.
https://youtu.be/p5E-e5Gf4Es