ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Следниот месец предлог за анекс на договорот за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид

May 18, 2021 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во Собранието следниот месец ќе биде доставен Предлог закон за анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, со којшто ќе се продолжи рокот за изградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Се уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за автопатот што со сегашниот анекс на  Договорот со изведувачот кинески „Синохидро“ истекува следниот месец. Со новиот анексот не се предвидени дополнителни средства за реалзиацијата на прокетот од сегашните проектирани 598 милиони евра.

-Во текот на јуни ќе влеземе во Собранието, со анекс на договор за овој автопат што ќе значи продолжување на рокот за изградба. Во овој момент Јавното претпријатие за државни патишта преговара  заедно со Министерството за транспорт со изведувачите и кредиорите  до кога ќе биде реалниот рок за да се изгради овој автопат  и за да го продолжиме рокот. Но важно едека дополнителни средства во овој момент не се предвидуваат, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање, откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во Штип.

Прогресот на работите на автопатот изнесува 62 проценти, а Министерството за транспорт во изминатите месец и половина одобрило 20 од предвидени 70 инфраструктурни проекеи за измени на трасата.

-Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи  дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти. Останатот процент на реалзиација се работи. Министерството за транспорт и врски во изминатите месец и полововина одобри 20 инфраструктурни проекти,со што на 20 позции даваме шанса за уште  побрз развој на настаните и изградба  на овој автопат. Тоа за мене е многу значајно бидејчи од 70  инфрструктурни прокети што ни стигнаа за 70 измени на овој  пат веќе имаме одбренио 20. Отвораме силен фронт во оваа градежна сезона да продолжат активностите, рече Бочварски.

Автопатот од Кичево кон Охрид со должина од 57 километри  почна да се гради во 2014 година и според првичниот договор требаше да биде готов во 2018-та. Поради проблеми на трасата, рокот за изградба беше пролонгиран за јуни годинава.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk