ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

МЗ: Во Центарот за белодробни заболувања во Отешево ќе се рехабилитираат пост-ковид пациенти

May 18, 2021 14:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево со поддршка од Министерството за здравство, подготви дел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација. Оваа болница е единствена од ваков вид во државата за пулмонална и физикална рехабилитација која постои и работи 40 години. Оваа болница е „воздушна бања” односно е сместена помеѓу двата национални паркови Галичица и Пелистер, покрај Преспанското Езеро, информира денеска Министерството за здравство.

-Голем дел од пациентите кои имале Ковид-19 се соочуваат со потешкотии во дишењето и движењето и тие полесно би се надминале со стручна помош односно со респираторни и физикални вежби. Резултатите од оваа рехабилитација имаат голем бенефит по здравјето на овие болни и оваа рехабилитација претставува важен сегмент во здравствениот систем. Процесот на рехабилитација во оваа Институција се спроведува согласно најновите протоколи и програми за пост ковид рехабилитација. Тимот е составен од специјалист по физикална медицина, специјалист по интерна медицина, субспецијалист пулмолог и физиотерапевти. Секој пациент добива индивидуален пристап во зависност од неговата состојба. Рехабилитацијата трае различно во зависност од здравствената состојба на пациентот, со цел да се подобри респираторната функција, да се воспостави побрза вертикализација и враќање во нормалниот живот, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Од МЗ појаснуваат дека најчестите симптоми на кои се жалат пост ковид-пациентите се отежнатото дишење, мускулната слабост, малаксаност, болки во коските и мускулите, а со тоа и нарушен квалитет на живот.

-Овие пациенти имаат потреба од функционални физички и респираторни вежби. Тимот за физикална рехабилитација преку примена на соодветни мерења и тестирања врши проценка на пулмоналниот и физичкиот статус на болниот, мерење на срцева фреквенција, мерење на гасни анализи пред и после физичката активност. Според овие резултати тимот составува соодветен програм со кој го води пациентот низ процесот на рехабилитација, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека како водечки сегмент е респираторната рехабилитација со вклучување на вежби за дишење, вежби во природа и прошетки покрај езеро во придружба на физиотерапевт, специфични вежби, апарати за физикална терапија за зајакнување на мускулна маса на болниот. Целта, нагласуваат од Министерството за здравство, е да се намалат респираторните потешкотии, да се ублажат симптомите, да се контролира анксиозноста, да се намалат компликациите и на крај да се подобри квалитетот на животот.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието не го усвои предлогот за дополнување на Законот за здравствена заштита

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk