ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мета до албанскиот Парламент: Иницијативата за мое разрешување е одмазда, итно да ја прекинете истрагата

May 19, 2021 11:49
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Додека парламентарната анкетна комисија, под раководство на Мислим Муризи, работи под полна пареа, во испитувањето на прекршувањата на уставни надлежности од страна на шефот на државата, Илир Мета, тој испрати писмо до парламентот во кое оваа постапка ја оценува како одмазда и бара итно прекинување на истрагата.

Во писмото упатено до првиот парламентарец Грамоз Ручи, албанскиот претседател ги објаснува причини зошто комисијата не може да донесе одлука за негово разрешување.

Во него, меѓудругото, Мета го споменува фактот дека „ова Собрание нема опозиција што го прави нелегитимно за водење истражни активности“.

„Ова собрание, како и во која било друга демократска земја, од февруари 2019 година (кога опозицијата се откажа од пратеничките мандати), нема вистинска опозиција. Затоа, недостатокот на опозиција во Собранието е причина повеќе зошто актуелното еднопартиско Собрание, во овие услови, во овој период / време и во овие околности, не ужива никаков легитимитет за иницирање, ниту за спроведување истражни активности“, пишува Мета.

Мета, понатаму, бара од Собранието да ја рефлектира и укине одлуката за усвојување на извештајот и формирањето анкетна комисија за негово разрешување. Исто така, веднаш да ги прекине сите парламентарни истражни постапки што ги спроведува оваа комисија и да не „донесува важни одлуки кои се закана за интересите на државата“.

Анкетната комисија беше изгласана на пленарна седница на Законодавниот дом на 7 мај со 91 глас „за“, што значи гласаа и пратенци и од опозицијата, против беа шест, а еден пратеник беше воздржан.

Извештајот од истрагата за тоа каде „згрешил“ Мета треба да биде подготвен во рок од еден месец.

Деновиве премиерот Еди Рама изјави дека Мета мора да биде разрешен затоа што е срам за Албанија и оти ќе стори се за да ја „ деминира институцијата претседател“ и оти за да се најде кандидат за нов претседател ќе се консултира со опозициската Демократска партија.

 

Next Post

Јутјуб се урна на светско ниво двапати во еден ден

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk