ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Заев- Мишел: Треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на ЕУ од март минатата година за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија

May 19, 2021 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Двајцата соговорници на средбата се согласија дека иднината на Западен Балкан е во полноправното членство во ЕУ, и дека за Северна Македонија и Албанија треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на Унијата од март минатата година за почеток на пристапните преговори за овие две земји.

Премиерот Заев и претседателот на ЕС Мишел изразиле надеж дека со поддршка на португалското претседателство, кое вложува силни заложби и голема политичка волја, ќе биде отворен патот што ќе овозможи Бугарија да се приклучи на консензусот за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција без натамошно одлагање.

На средбата беше истакнато дека за време на словенечкото претседателство, во октомври оваа година, ќе се одржи Самит ЕУ – Западен Балкан кој се очекува да биде заедничка инвестиција за поинтензивна меѓусебната поврзаност и соработка на линија на клучните вредности и принципи на ЕУ за посуштинско вклучување на регионот во тековните значајни проекти на Унијата поврзани со климатската и дигитална трансформација.

Поддршката и соработката на ЕУ со земјите од Западен Балкан во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и социо-економското закрепнување, споделија Заев и Мишел, ќе продолжи со несмалена динамика, вклучително и во поглед на вакцинацијата каде ЕУ забрзано вложува во зголемување на производството и достапноста на вакцини.

Премиерот Заев и претседателот на ЕС Мишел како добредојдена ја оценија заложбата за вклучување на земјите од регионот во дебатата во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, како особено важна прилика за да се слушне гласот на младите и граѓанското општество од Западен Балкан.

Next Post

ДИЦ ги привршува подготовките за државната матура, на 5 јуни се полага првиот екстерен испит

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk