ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев-Зибери: Нашата соработка е отворена и позитивно се рефлектира во унапредувањето на правата и животот на граѓаните

May 26, 2021 11:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев денеска во својот кабинет, се сретна со народниот правобранител Насер Зибери, со кој се согласија за важноста на позицијата на институцијата Народен правобранител во поглед на зајакнување на критериумите со цел заштита на уставните и законските права на граѓаните.
Премиерот Заев со народниот правобранител Зибери разговараше за актуелните случувања во земјата во поглед на продолжувањето по европските патеки на земјата на меѓународен план и преземените мерки кои веќе даваат резултати во поглед на заживување на економијата од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 вирусот.

„Вашата независност, ефикасност и транспарентност се рефлектира во унапредувањето на параметрите на живот на граѓаните и вие сте коректив на институциите и органите на државната управа во насока на обезбедување  поефикасен сервис на граѓаните и заштитата на нивните права“, рече премиерот Заев изразувајќи задоволство и отвореност за продолжување на соработка со институцијата.

Народниот правобранител Насер Зибери, кој беше придружуван од своите соработници му го предаде во дигитална форма и го запозна премиерот Заев со главните карактеристики на Годишниот извештај за 2020 година, кој ќе биде разгледуван од Собранието на Република Северна Македонија, по што се очекува да се донесат мерки, кои ќе бидат упатени до Владата, а кои ќе се однесуваат за подобрување на состојбите во насока на поголема ефикасност на функцијата на Народниот правобранител.

Според Народниот правобранител во текот на 2020 година, пандемијата на КОВИД-19 имала влијание и на работата на институцијата што ја предводи, во поглед на бројот на примените претставки и во однос на останатите активности во насока на обезбедувањето, почитувањето и унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права.

Соговорниците се согласија дека продолжува соработката за унапредување и актуелизирање на правата на граѓаните со поддршка за поттикнување на поголема респонзивност на државните институции со институцијата Народен правобранител чија надлежноста е заштита на уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Двајца обвинети за употреба на фалсификувани пари во Гостивар

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk