ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски за „Рубитон“: Мицкоски повторно со измислици ја манипулира јавноста

May 27, 2021 17:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот со фирмата „Рубитон“ која ископувала јаловина, односно земја во рудникот Суводол е раскинат од страна на РЕК Битола на 7 ноември 2018 година затоа што фирмата не го вршела ископот со динамика и количини предвидени со договорот. За тоа постојат записници и други релевантни дokументи од стручните служби на РЕК, а вчера беа објавени јавно од компанијата ЕСМ, рече вицепремиерот за задолжен за борба со корупција Љупчо Николовски на седница за пратенички прашања.

Тој го повика МВР заради „целосно расчистување на маглата, лагите, конструкциите“ од опозицијата и да го објави записникот или изјавата од сопственикот на компанијата „Рубитон“ за, како што рече, на јавноста да и стане јасно. Неговиот одговор беше на прашање на пратеникот Бојан Стојановски кој праша дали Обвинителството ќе отвори истрага за фалсификување записник, како што вчера на брифинг обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христиојан Мицкоски.

Опозицискиот лидер вчера на брифинг презентираше документи со кои тврди дека Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, изнудувал 250.000 евра провизија од битолската фирма „Рубитон“. Мицкоски тврди дека фирмата била рекетирана откако добила тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Николовски од собраниската говорница рече дека за да се обезбеди навремено извршување на работите за грејната сезона која тогаш била во тек, повикани биле други економски оператори да достават итни понуди за продолжување на ископот и согласно позитивните законски прописи, повикани  се Гранит, Машинокоп, Пелистер и СВ Инвест. На повикот се оѕвале две од овие компании кои во целост ги исполнувале законски предвидените критериуми за таа јавна набавка. Спроведено е непосредно наддавање меѓу пријавените оператори, рече Ниоловски, при што најниска цена понудил „СВ Инвест“ односно постигната била истата цена по која се вршел ископот и дотогаш од страна на фирмата со која договорот е раскинат.

– Зад континуираните напади кон РЕК Битола, конкретно за случајот „Рубитон“ се кријат и други причини кои вие од ВМРО-ДПМНЕ дпбро ги знаете. Сопствениците на оваа фирма се во блиски родниниси врски со поранешниот директор на РЕК Битола од времето на владеењето  на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Само во периодот од 2015 до 2018 оваа компанија од РЕК Битола има наплатено 6 милиони евра за истата работа. На крај, сите документи поврзани со овој случај се наоѓаат и кај судските инстанции и во РЕК  Битола. Јавноста и Мицкоски можат да ги дознаат. Зад целиот овој случај не стои тој што е номиниран од страна на вашиот лидер, туку Александар Јанев, началник во време на техничка влада на ВМРО-ДПМНЕ, поставен од Наќе Чулев, а по налог на Христијан Мицкоски, рече Николовски.

Според него, обвинувањата на Христијан Мицкоски се „рекла кажала“, опозицискиот лидер, рече вицепремиерот, е опседнат со Зоран Заев и е докажан извор на лажни вести и овојпат на брифинг изнел шпекулации и невистини што немаат врска со реалноста.

– Извртува факти и ја манипулира јавноста зашто нема став, идеја и понуда како да победи на избори. Затоа штанца измислици и нема лице да ги каже на прес-конференција, туку на брифинг во скапата палата. За сите документи што ги имате, знаете каде треба по Устав и закон да се обратите, но немате храброст одговорите да ги барате во институциите зашто ви е тешко да се ослободите од срамот од криминалот во врвот на вашата партија, рече вицепремиерот Николовски.

извор: МИА
Next Post

Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ добитници на наградата за најдобра новинарска сторија „Жан Моне“

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk