ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Мнозинскиот модел што го бара опозицијата е уназадување

May 28, 2021 14:36
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
ФОТО: О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

ФОТО: О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе биде постигнат консензус околу Изборниот законик. Како што изјави денеска, делот околу препораките на ОБСЕ/ОДИХР е усогласен со претставниците на парламентарните партии, остануваат уште дебатите околу предлозите на власта, опозицијата и помалите партии

Заев повтори дека СДСМ поддржува една изборна единица, а опозицијата бара мнозински модел. Тој информира и дека ДУИ предлагала три изборни единици, па потоа, како што слушнал, осум изборни единици, но на Влада, истакна, не се разговараат ваквите прашања, туку на партиско ниво каде што се преговара.

-Министерот за правда ме информира дека со претставниците на парламентарните партии е усогласен делот за се она што значи стокмување на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. И тука е завршено. Сега продолжуваат дебaтите за двете теми за обид за унапредување на демократскиот начин на гласање. Тоа е, предложени теми од опозицијата и од власта или од поголеми и помали партии. За локалните избори опозицијата предложи прв круг избор на градоначалник, со цензус од 30 отсто од вкупнот број гласачи. Тоа треба да се усвои или одбие од сите партии. Нашиот предлог е отворените листи зашто мислиме дека советниците им должат многу повеќе на граѓаните отколку на своите матични партии или коалиции кои ги предлагаат и сериозен демократски исчекор е. Но, се надеваме дека ќе се постигне консензус или барем поприличен консензус затоа што Изборен законик знаете дека нели традиција имаме заедно сите, рече Заев.

Според него, мнозинскиот модел што го бара опозицијата, за владејачката партија е уназадување.

-Далеку од изборите без притисок на парламентарни избори се разговара за некоку нови модели. Ние поддржуваме една изборна единица. Како мултиетничко општество сме убедени дека треба да дадеме шанса на една изборна единица што ќе значи диверзификaција или поголема разноликост на Парламентот, ќе ја скроти или ќе ја ограничи моќта на шефовите на поголемите политички партии  и ќе ја унарпеди демократијата во државата, а ќе гарантира поголема застапеност и на помалкубројните етнички заедници, но и на помалите партии. Опозицијата, од генерално последното што го слушнав, бара мнозински модел. Тоа е уназадување според нас. Но, нека разговараат тимовите, па ќе ги слушнеме сите аргументи, истакна премиерот.

Тој изрази надеж дека сите ќе имаат обврска да прифатат чекорење кон унапаредување на демократските модели на гласање.

-Изборите се врв на демократијата. Ние сме отворени и за прифаќање на се што е добро и што значи унапредување. Подготвени сме да се откажеме од дел од тоа што во сегашните модели ни следуваат како гласови и пратенички места за сметка на демократија зашто едната ИЕ веројатно поголемите четири партии ќе изгубат дел, но ќе добијат граѓаните, ќе добие демократијата преку застапеност на помалите партии, подвлече премиерот.

извор: МИА

Next Post

Ќе се работи на протокол за новата учебна година и ќе се проценува дали да се вакцинираат и деца

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk