ВМРО-ДПМНЕ ги релативизира настаните од 27 април и така ја шири пропагандата. Затоа 5 години подоцна не можеме да се договориме што точно се случило на 27 и тоа е нешто што ќе не осуди да го повториме, не дај Боже, за 5, 10 или 15 години кажа поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски на емисијата „Стадион“ на Канал 77. Фактот дека се уште се расправаме што се случило, не спречува да го апсолвираме тоа, да го ставиме зад нас и да се осигураме дека нема да се случи повеќе, кажа Богоевски.
Половина милијарда евра инвестиции во комуналната инфрастурктура и животната средина најави Владата со Интервентиот план за инвестиции 2021-2027, меѓу кои е и пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Како што објасни премиерот Зоран Заев, пречистителната станица во Скопје ќе биде проект вреден 136 милиони евра кој треба да стартува до крајот на оваа година. Исто така најави и преку 3 милијарди евра инвестиции во енергетскиот сектор и зелената енергија. Апелира и до опозицијата да го разгледаат проектот за клинички центар и да излезат со свои сугестии.
Утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја. На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези, напиша министерот за здравство Филипче на Фејсбук. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех, додава тој.
По богатата вечера во некој ресторан на булеварот Сент Жермен, низ улиците на Париз се шетале Алтусер и Лакан. Годината била 1963. И едниот и другиот сонувале за тоа како да ја преобратат француската младина. И двајцата биле поразени: рок културата, пропаста на шеесетосмашката револуција, конформизмот и конзумеризмот, големата впивачка моќ на капитализмот, разорната моќ на медиумите… Како да се преобрати младината, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
М. Миткоска