ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ИЈЗ: До 3 декември пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници

Според вакциналниот статус,1.530 или 80,5 отсто од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

December 11, 2019 11:15
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 19 октомври до 6 декември година, односно по пријавување на последниот лабораториски потврден случај на мали сипаници, пријавени се два сомнителни случаи на мали сипаници, кои по направеното епидемиолошко и лабораториско истражување се отфрлени, информираат од Институтот за јавно здравје.

Заклучно со 3 декември до Институтот за јавно здравје се пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници. Вкупниот број случаи пријавени од декември 2018 заклучно со 6 декември, а кои ја исполнуваат дефиницијата на случај и се вбројуваат во вкупниот број заболени во епидемијата, изнесува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од кои највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга 165,1 на 100.000 (112 случаи), Куманово 162,6 на 100.000 (232) и Скопје 161,6 на 100.000 (998).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 977 лица од машки пол и 924 лица од женски пол или сооднос машки –женски 1,1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 94,3 на 100.000 жители, додека кај женските изнесува 89,5 на 100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Најголем број заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,8 отсто), а највисока инциденца од 1.399,1 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година (327случаи, 17,2 отсто),а кај децата на возраст од една до четири години се регистрира инциденца од 307 на 100.000 жители (285 случаи, 15 отсто)

Според вакциналниот статус,1.530 или 80,5 отсто од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од нив, 327 (21,4 отсто) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Од пријавените случаи, 852 или 44,8 отсто биле хоспитализирани, а кај 302 (15,9 отсто) се регистрирани компликации. Докажан е генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.

Вкупниот број вакцинирани лица со МРП вакцина на возраст до 14 години, од почетокот на епидемијата до крајот на анализираниот период во државава изнесува 44.497.

Next Post

Огромен интерес на кураторските тури за средношколци и студенти во МСУ

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk