ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска-Бежоска: Надворешното опкружување и капиталните инвестиции значајни за закрепнувањето на економијата

May 31, 2021 20:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надворешното опкружување за кое се предвидува постепено закрепнување и реализацијата на капиталните инвестиции во земјава се значајни фактори за закрепнување на македонската економија, смета гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа вечерва во интервју за Телевизија 24 посочи дека за македонската економија, како мала и отворена, значајни се меѓународните економски движења, а клучен двигател на нашиот раст ќе биде извозот. Од домашните фактори, според гувернерката, значајна е реализацијата на капиталните инвестиции кои можат да бидат катализатор на многу позитивни промени во економијата.

Гувернерката уште еднаш повтори дека денарот останува стабилен во однос на еврото и дека монетарната стратегија за одржување на стабилноста на домашната валута во однос на еврото е најоптимална за домашната економија.

– Сметаме дека поголема флексибилност во однос на курсот нема да вроди со резултат затоа што ќе има релативно брзи преносни ефекти врз цените и може да има неповолни преносни ефекти врз финансиската стабилност и оттаму цврсто стоиме на тој наш став, подвлече Ангеловска-Бежоска.

Засега, според Ангеловска-Бежоска, ликвидноста што е вбризгана од страна на централната банка и Министерството за финансии во насока на поддршка на економијата, не прави притисок на девизниот пазар, но доколку има сигнали кои упатуваат на зголемени притисоци на девизниот пазар кои доаѓаат од зголемена денарска ликвидност, тогаш сигурно ќе бидат преземени мерки.

Банкарскиот сектор, како што оцени, е ликвиден и добро ја поминал кризата, а во однос на пропаѓањето на Еуростандард банката рече дека дозволата за работа била одземена откако биле исцрпени сите можности што централната банка ги имала на располагање.

– За било кој гувернер или за централна банка нема потешка одлука од носење на одлука за затворање на банка. Таква одлука се носи откако ќе бидат вложени максимални напори и ќе бидат исцрпени сите можности за поповолно решение за банката особено имајќи ги во предвид интересите на депонентите. Таков беше и овој случај, истакна Ангеловска-Бежоска.

За кредитите што биле давани во банката, гувернерката рече дека централната банка не одлучува за тие кредити и оти одлуките ги носеле кредитните одбори и надзорниот одбор на банката.

– Деловните банки се приватни институции кои самите одлучуваат за секој поединечен кредит што се дава. Централните банки не даваат кредити, не одлучуваат, ниту пак тие кредити подлежат на согласност од страна на централните банки. Оваа банка беше под засилени контроли и се проверуваше степенот на кој што се изложува на ризик. Одлуките за кредит ги носеле кредитните одбори, а ако износот на кредитот е поголем одлуката ја носел надзорниот одбор. Оттука многу јасно е чија е одговорноста за одобрување и наплата на тие кредити, рече Ангеловска-Бежоска во интервју за Телевизија 24.

извор: МИА
Next Post

Бектеши во Топ Тема: Откриени неправилности кај три компании за увоз на мазут, продолжуваме со засилени вондредни контроли за квалитет на течните горива

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk