ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија

Претседателот ги потсети студентите на трите мисии на НАТО во нашата земја,

December 11, 2019 13:46
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Северна Македонија постои фактор плус зошто е добро нашата земја да стане членка на НАТО, а го нема кај сите други нови земји членки. Сите етнички заедници го поддржуваат членството во НАТО, а тоа го покажуваат и најновите анкети кои ја мерат поддршката за наше членство, кое е над 70 проценти. Ако ги развиете по етнички заедници, анкетите покажуваат дека огромно мнозинство од сите етнички заедници поддржуваат членство во Алијансата што, преведено, значи дека НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија.

 
Ова денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски пред студентите на ФОН Универзитетот на дебатата на тема „Безбедна младина, посигурна иднина“ во рамките на НАТО-карванот како дел од активностите на проектот Инфоцентар за евроатлантски интеграции.

Претседателот ги потсети студентите на трите мисии на НАТО во нашата земја, односно на собирањето на нелегалното оружје кај нашите граѓани во 2001 година, како и втората и третата кои се надоврзаа на првата за реинтеграцијата на кризните региони. Со тие три мисии во 2001 и 2002 година, рече Пендаровски, НАТО ни помогна да се вратиме во нормала и сите анализи покажуваат дека кандидатскиот статус на ЕУ се должи на тоа што НАТО ни помогна да се рехабилитираме многу брзо, вклучувајќи ги и нашите војници кои учествуваа во одредени мисии. Претседателот информираше дека Алијансата ни помага во одржување на безбедноста на земјата со споделувањето на одредени информации.

– Од ланската покана да станеме членка, до сега приливот на информации на дневно ниво од сите 29 сојузници се движи од 800 до 1.200 дневно, тоа се безбедносни информации кои ги имаат членките кои ги споделуваат со нас. Алијансата конкретно ни помагаше, не како организација, туку на билатерална основа, кога бевме подложени на најфреквентната политичка пропаганда содржана во т.н. лажни вести кои се обидуваа да ги одвратат нашите луѓе да гласаат на референдумот за да се приклучиме кон Алијансата, односно да го прифатиме Преспанскиот договор. Ако ја немавме таа поддршка многу полошо ќе поминевме во справување со тие лажни вести, бидејќи објективно ние немаме ресурси да се спротивставиме поадекватно, како што тоа го направивме со помошта од неколку битни земји членки на НАТО, рече Пендаровски.

Претседателот посочи и на одредени алтернативи, но нагласи дека тие не се добри за нас. Тој го спомна примерот со Србија која 11 години има декларирано воена неутралност и не бара членство во никакви воени сојузи.

– За држава со нашиот капацитет за таква декларација би требало, освен внатрешното усогласување, да имаме согласност од сите соседи за нашата неутралност и клучните меѓународни фактори да се согласат со тоа. Таква согласност нема, ниту ни било нудено, рече Пендаровски.

Амбасадорката на Велика Британија во нашата земја Рејчел Галовеј на студентите, покрај безбедносните придобивки, им ги посочи и можностите за граѓаните на државата, а посебно за студентите.
– Постојат многу стипендии кои што ги нуди Североатланската организација. Имаме програма на НАТО за наука за мир и безбедност што нуди финансирање за повеќегодишно истражување и развој на проекти поврзани со безбедноста на стратешките цели на НАТО, истакна Галовеј.

Студентите на ФОН имаа можност со претседателот Пендаровски и амбасадорката Галовеј да дебатираат за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО, како и да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции и улогата која Алијансата ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

Next Post

До петок сите граѓани што скенираат фискални ќе го добијат повратот на ДДВ

Најново

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Дивац искрено, зошто не го избрал Лука Дончиќ на драфтот

April 28, 2026

Концерт на Дуња Иванова – пијано, на 29 април пред Општина Центар

April 28, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk