ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Можни се нови олеснувања на мерките, угостителите и музичарите побараа од Владата укинување на дел од точките во протоколот, како националистите го растураат општеството

June 4, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки. Расте бројот на вакцинирани, во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. А вчера биле аплицирани 6.521 вакцина.

Како националистите го растураат општеството… Практично, а тоа е општо место, нашите националисти никого и ништо не гледаат освен себеси и своите „мешиња“. Другите – сакале или не сакале – ќе бидат туѓо тело во стариот и расипан груевистички свет. На дебатата на Канал 5, во емисијата „Само вистина“, помеѓу Џабир Дерала, репрезентативен борец за човекови права, и Богдан Илиевски, алијас „Бетмен“, забележав еден детаљ. Кој е – сигурно се прашувате. Тој детаљ ни го кажува следното: преку што популистите го растураат и делат општеството? пишува Ненад Јовановиќ.

Музичарите и музичките работници преку Здружението за унапредување на правата на музичарите (ЗУПМ) „Музика сега“ побараа од Владата укинување на точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи, музички групи, диџеи) и се ограничува максималното ниво на бучава во објектите на 55 децибели, соопшти Незнависната угостителска комора (НУК).

Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит, мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15.294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7/050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.

М. Миткоска

 

Next Post

Неделков: Пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од МОН до општините

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk