ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Годинава беше економски добра, со 60.000 нови работни места

Заев смета дека како Влада се на вистинскиот пат и во делот на политичките чекори, со кои како што рече, дојде поканата и членството во НАТО.

December 11, 2019 15:55
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата не може, а да не биде задоволна од покажаниот раст на економски план, во текот на 2019 година, оцени денеска премиерот Зоран Заев по пуштањето во употреба на леарницата „Краунфилд Фаундри“ во индустриската зона „Неокази“ во Пробиштип.


-Лани овој период во декември проектиравме 3,5 проценти раст. Првиот квартал го завршивме со 4,1 процент. Првото полугодие во просек е 3,6, повеќе од просекот. Второто полугодие е повторно3,6, не може да не бидеме задоволни. Четвртиот квартал, во февруари, март се објавува. Верувам дека исто така ќе биде успешен, за да можеме да кажеме дека 2019 година на проектирани 3,5 проценти, а почнати пред две години на минус 1,8 проценти сме ја завршиле повеќе од проектираното и не можеме, а да не бидеме задоволни, рече Заев.

Но, потенцира, на овој план треба да се работи, а на постигнатото какошто рече да се радуваме и да се користи за наредната година да биде уште подобра.

-Оваа година беше економски добра, како и да е годината ја завршуваме со еден пресек за две годишен период со 60.000 нови работни места. Точно, конкретно се знае во која фабрика, во која фирма, во која област се вработени 59.600 граѓани. Тоа се нови квалитетни работни места, рече Заев.

Смета дека меѓу успесите во делот на економијата е и зголемувањето на просечната плата за 2.297 денари, а во споредба со претходните две до три години, растот на платите е 800 или 750 денари.

-Минималната плата сега почна од 1 јануари со 14.500 денари, дополнително огромни 40 милиони евра сме обезбедиле пари за оваа, но и за следната година , за да ги поттикнеме газдите и менаџерите да ги покачуваат платите, да растат. Инвестираме навистина во човечкиот капитал, рече Заев.

Забележа дека повеќе од 14,5 проценти расте севкупната трговија, потоа 5,5 отсто е растот на индустриското производство, а како што наведе Заев, расте и извозот, но и влегуваат нови странски инвестиции. Смета дека како Влада се на вистинскиот пат и во делот на политичките чекори, со кои како што рече, дојде поканата и членството во НАТО. – Верувам дека во догледно време Европската унија ќе си ги заврши внатрешните работи и дебати, за коишто дискутираат. Тоа е новата методологија, идните реформи. Но час поскоро треба да ја исправи историската грешка, којашто ја направи за нашата земја, вели Заев.

Next Post

Костадинов: Ги повикуваме сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk