Денеска во Собранието пред пратениците е Законот за одбрана. Важен, системски закон со кој се обезбедува прилагодување на НАТО стандардите.
Законот за одбрана е последниот чекор во целосното прилагодување на законодавството со НАТО стандардите.
Оттука, ги повикуваме сите пратеници, од сите политички партии, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој Закон, изјави пратеникот Костадин Костадинов.
Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ на дело да покаже дека навистина е за членство во НАТО. Пред граѓаните презедовме обврска да ја обезбедиме иднината преку членство во НАТО. Ова е значаен чекор кон таа цел и затоа неодговорно е сега некој да тера дневна партиска политика.
НАТО е стратешка цел повеќе од 25 години и затоа да не дозволиме нашата домашна работа да остане недовршена заради лични и партиски калкулации.
Уште еднаш апелираме до сите пратеници без разлика на тоа од која партија доаѓаат да гласаат за Законот за одбрана.