ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Жугиќ: Ние да си ги вратиме нашите гласачи, не ми требаат ни неопределени, ни комуњари

June 6, 2021 10:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Федерализација, бегалски кампови, пораз на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори се само дел од темите кои може да се чујат во снимен разговор што осамна на „Јутјуб“.

Според објавата, зад женскиот глас е претседателката на Градскиот комитет на Унијата на жени, Јелена Жугиќ, а разговорот трае околу три минути. Од гласот на снимката се слуша и како бившиот премиер Никола Груевски бил за се во право и се менувала етничката карта на Македонија, особено доколку ВМРО-ДПМНЕ претрпи пораз на локалните избори.

„Сведок сте што се случува со Треска во моментов, спортско рекреативниот центар кој што е изграден од придонес од 0.2 отсто од сите скопјани. Инвестиција од 200 милиони евра е во прашање. Турчин! Нема спортско рекреативен центар, има трговски молови, хотели, казина„Сите бизниси од тетовските и гостиварските села ќе ни дојдат на две минути од Скопје, цело Косово ќе ни биде овде преку викенд и ќе ја изгубиме демократијата онака едноставно, како што ќе ја изгубиме Македонија, македонскиот јазик. Се она што го зборуваше Никола Груевски години наназад, сè се исполни. Остана уште федерализација и камповите на бегалците, а тоа ќе се случи доколку ги загубиме локалните избори. Ќе ни ја сменат етничката карта на Македонија“, се слуша од снимката.

Потоа разговорот продолжува со акцент на локалните избори, за кои се вели дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги загуби, партијата очекува „потоп“ и нема да се во можност да освојат ниту десет пратеници на наредните парламентарни избори.

„За да не си ги горите кадрите, има место за сите, ќе дојде време. Дај Боже да дојде време, и локална и извршна власт да земеме, ќе немаме кого да ставиме, оти има многу функции. Има многу директорски, раководни позиции. Ова е списокот, кој што вашата претседателка, на која јас ќе и дишам во врат кога ќе ја добиеме локалната власт, а се надевам ќе ја добиеме, да се праша секоја една која што е овие 3 и пол години присутни, што и треба. Мене многу и не ми значи во Пробиштип кој ќе биде градоначалник. Се знае дека Скопје е метропола на Македонија и Скопје ги дефинира политичкиот, социјалниот, културниот, живот на Македонија. А знаете што ќе се случи ако изгубиме? Јас не го сакам тоа сценарио, но ни тропка на врата. Ни грепка. На парламентарните ќе доживееме потоп. Нема да имаме 10 пратеника. Народот комплетно ќе се демотивира, и онака е демотивиран.“

Понатаму во разговорот фокусот е на општина Бутел, за која се вели дека ќе се „изгуби тој дел на Скопје“ на сметка на етничките Албанци. „Значи Бутел е на раб да му се случи она што му се случи на Чаир. И кога бевме во посета, кога бевме со Магде во Бутел, ме израдуваа членките и претседателката на Бутел, дека ветено е дека ќе има некаква национална стратегија за Бутел. Луѓето, Албанците, масовно се селат од Чаир во Бутел, ги менуваат личните карти, инвеститори градат исклучиво Албанци, таму Македонец не смее да купи стан. Значи, нè продаваат. На раб се да ја сменат етничката карта на Бутел. Иако ние на градско ниво не направиме исти стратегии, а има решение, има решение, не дека нема, ние го изгубивме тој дел на Скопје“, се слуша во снимката.

Next Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 2 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 50 болни сомнителни и потврдени за Ковид 19

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk