ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ ја заокружува етничката агенда и сега зборуваме за граѓанинот, вели Заев

June 6, 2021 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изрази задоволство поради тоа што најголемата албанска политичка партија ја заокружува етничката агенда и се насочила кон граѓанинот. Тој денеска по увидот на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, одговарајќи на новинарско прашање даде коментар во однос на Зелената агенда на Демократската унија за интеграција, која вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети на 19. роденден на партијата ја промовираше како еден од приоритетните столбови на претстојните локални избори.  

– Доста беше Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи. Во државата имаме граѓани. Сакам да го поздравам тоа заради тоа што е исчекор, а посебно кога доаѓа од најголемата владејачка партија од албанскиот политички блок. Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно и го даваат својот збор. Тогаш тоа значи нивен завет и обврска и во пракса да го спроведат. Тоа го мислам пред се за СДСМ, но и за ДУИ и за сите други политички партии. Истовремено ги препознавате нивните политики на градење на зелената агенда на Владата, рече Заев. 

Потенцираше дека граѓаните од СДСМ и ДУИ, но и од БЕСА и ДПА и сите други партии што се во коалиција во иднина очекуваат јакнење на работниците, јакнење на зелените агенди, заштита на животната средина, развој на економијата преку зелената економија или зелената агенда.

– Јас верувам дека ќе дадат резултат. Впрочем, вие ќе не цените, новинарите, а доминантно преку вас граѓаните дали навистина сите наши градоначалници, дали сите наши министри, директори, раководители ќе ја спроведуваат во праска толку значајната зелена агенда за нашиот народ, изјави премиерот Заев.

– На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ. ДУИ како целина ја прифаќа Зелената агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на нашите програмски столбови како приоритет, рече вчера Ахмети.

Во неговиот говор, Ахмети спомена и неколку проекти и активности кои ДУИ ги реализирала во текот на нејзиното постоење.

– Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други придобивки за нашите граѓани, порача вчера лидерот на ДУИ.

извор: МИА
Next Post

Во вторник јавноста ќе биде информирана за истрагата за увозот на нафтените деривати, порача Николовски

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk