ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вакцините донирани од Турција во земјава за седум до десет дена, Заев најавува и најмалку десет нови турски инвестиции

June 6, 2021 12:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку десет нови турски инвестиции во зоната на Коридорот 10 во Гевгелија, зајакнување на соработката меѓу армиите на Северна Македонија и Турција, донирање на 30 илјади вакцини Синовак, кои би пристигнале за седум до десет дена, се дел од темите за кои вчера во Истанбул разговарале премиерот Зоран Заев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Заев, кој вчера придружува од министерот за здравство Венко Филипче, престојуваше во еднодневна работна посета на Истанбул, денеска по увидот на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, одговори подетално што договориле вчера со турскиот претседател.

– Разговаравме и мислам дека утврдиме најмалку 10 нови турски инвестиции, во зона која што ја разработуваме на Коридорот 10, во Гевгелија. Се работи за инвестиции од секаков вид во преработувачка индустрија, коишто се стратешки поставени за европскиот пазар, нешто за кое што нашите комори подолг период разговараа, а сега го утврдивме. Заедно со претседателот на вечерата беа соодветните министри со кои што разговаравме и за ваквите детали. Разговаравме секако и за соработката меѓу армиите. Ние сме членка на НАТО. Многу соработува со Турција. Турција е еден од значајните донатори на Република Северна Македонија во армиска опрема. Овој пат имаме набавки од наши пари, но секако очекуваме и дополнителен придонес од Турција, затоа што Турција е наш голем пријател, истакна Заев.

Ги спомена и 30-те илјади вакцини, за кои претходно информираше Филипче, појаснувајќи дека во земјава треба да стигнат во рок од седум до десет дена.

– Секако поради големата љубов кон Македонија и на претседателот Ердоган, но и на раководството на пријателска Турција веднаш на наше барање ни излегоа во пресрет со 30 илјади вакцини. Додека ги чекаме новите количини, овие ни се добредојдени, рече Заев нагласувајќи дека најважно е процесот на вакцинација во земјава да се одвива континуирано. 

На средбата со Ердоган се разговарало и за поставеноста на Северна Македонија во НАТО, за претстојниот Самит на Алијансата во Брисел на 14 и 15 јуни, на кој, како што рече ќе се градат сериозни политики врзани со југоисточниот дел на Европа, каде што припаѓаат Турција и Северна Македонија. 

Заев истакна дека веќе најавил оти во престојниот период ќе реализира стратешки патувања во Истанбул, Тирана, Париз, Виена и тоа во насока на предизвикот за интеграција во Унијата. Истакна дека на 17 јуни ќе се одржи самитот во Анталија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на кој ќе присустува и претседателот Стево Пендаровски, но ќе бидат присутни и претседателите на Бугарија и на другите соседни земји.

-Ова ќе можеме да го искористиме како можност да продолжи пријателството, европската интеграција на Западен Балкан и сл., посочи тој.

Премиерот истакна дека не би сакал да соопшти повеќе детали за што е разговарано на вчерашната средба со високите турски претставници, заради тоа што, како што рече, се дел од стратегии и планови на кои се работи.

– Министерот за здравство ќе изнесе повеќе во престојните денови околу производството на турските вакцини, ќе се изнесат повеќе детали околу размислувањата во врска со дроновите за обезбедување на граничните појаси и многу други детали, истакна Заев.  

извор: МИА
Next Post

Зекири: Ја вративме слободата во секоја пора во општеството

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk