Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” рано утринава извршија вонредно чистење и подигнување на големи количини на кабаст отпад кој несовесни граѓани го исфрлиле на несоодветни локации во селото Пештани.
Ова не е прв случај на несоодветно депонирање на отпад од страна на граѓаните. Екипите на претпријатието секојдневно подигнуваат кабаст отпад и од други јавни локации во градот и приградските населби.
Општина Охрид упатува јавна осуда до сторителите на вакви еколошки престапи и најавува засилени инспекциските контроли на терен, со цел да се спречат и санкционираат сторителите. Се упатува апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест и да не го исфрлаат отпадот на несоодветни локации нaпиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски









































































































