Утрово на вакциналниот пункт во Куманово ја примив втората доза од вакцината на „Синофарм”, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил и објави фотографии.
Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19, напиша Спасовски.
Граѓаните кои досега не се регистрирале, тоа може да го сторат на www.vakcinacija.mk.