ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски на увид на два инфраструктурни проекти во Штип

June 8, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди  и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска  извршија  увид во рехабилитацијата на улицата „Партизанска“ од кружниот тек кај Дујле во правец кон населбата Сењак којшто се рехабилитира преку програмите на ЈП „Македонија пат“ бидејќи се работи за транзитна улица. Присуствуваа и на почетокот на изградбата на нова водоводна мрежа за штипската населба „Македонка“.

Бочварски истакна дека рехабилитацијата на булеварот „Партизанска“ е многу значаен проект којшто ја подобрува инфраструктурата во центарот на градот секако со целото хортикултурно уредување кое што го работи општина Штип. Инвестицијата на рехабилитацијата на оваа улица е пет милиони денари.  

–Веднаш после завршувањето на оваа улица ќе продолжиме и со рехабилитација на булеварот „Гоце Делчев“, исто така преку ЈП „Македонија пат“, а ќе работиме и на останати проекти во целиот регион.  Во Министерството за транспорт и врски завршуваат постапките за реконструкцијата на ул. „Панче Караѓозов“ каде што веќе општината работеше на замена на подземната инсталација и во текот на летниот период започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Панче Караѓозов“. Заедно во истиот тендер, во истата постапка е и крстосницата во населбата Сењак, тоа е главната централната крстосница на улиците „Сремски фронт“ и  „Борис Крајгер“ која што ќе доживее целосна комплетна нова инфраструктура, рече Бочварски.

Директорот на ЈП „Македонија пат, Мемеди најави дека во наредните денови ќе се рехабилитира и транзитната улица низ Виница, како и Горубинци-Преод во вредност од 35 милиони денари.

-Исто така сакам да најавам дека оваа година благодарение на министерот Бочварски оваа година ќе се асфалтира за првпат после 30 години и патот кон манастирот Лесново, вели Мемеди.

Министерот, Бочварски соопшти дека од денеска се започнува и  со многу значаен проект за жителите на населбата Македонка, а тоа изградбата на водоводниот систем во должина од 1,1 километар.

-Сакам да потенцирам дека во претходните неколку години овде во општина Штип го решивме водоснабдувањето за населбата Балканска и пред некое време градоначалникот го промовираше и проектот во населбата Чардаклија. Последното ветување на целиот овој регион е решавање на водоводот во населбата Македонка.  Имајќи го во предвид фактот дека овде живеат околу 570 жители оваа населба користи хемиски нетретирана вода од бунарскиот систем, затоа со реализацијата на овој проект жителите ќе добијат квалитетна вода од градскиот водовод. Инвестицијата е со вредност од речиси седум милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, а моите очекувања, разговарајќи со менаџерскиот тим на компанијата која што е изведувач овде на трасата, дека ќе биде и пред крајниот рок на овој завршен проект, односно за пократок рок од шест месеци, рече Бочварски.

Во Општина Штип со средства од министерството за транспорт и врски се реализира и проектот за водоснабдување за населбите Блок 77 и Каваклија. Проценета вредност  е 7,4 милиони денари и тоа шест милиони денари се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт врски, а 1,4 милиони денари се учество на општина Штип.  

Министерот, Бочварски очекува во наредните недели да стратува и изградбата на брана на река Отиња, еден од најкапиталните проекти за Општина Штип.

Next Post
ФОТО: МИА

Алијансата за Албанците на локалните избори оди со Алтернатива, но останува отворена за соработка

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk