ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Учениците на распуст, надлежните ќе решаваат како ќе продолжи наставата од септември

June 10, 2021 08:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година. Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата (основни и средни) почетокот беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159.

Учебната година почна еден месец подоцна поради потребата антиковид-протоколите за реализација на различни начини на настава да бидат законски усвоени во Собранието кое, пак, требаше да биде конституирано по одржаните парламентарни избори минатиот јули.

Во двете полугодија образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, главно преку платформата Мајкрософот тимс, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение и од повисоки одделенија во помали училишта – подрачни и во рурални средини. Ученици без ИТ-уреди имаа можност за настава на Македонската радио-телевизија и добиваа печатени материјали.

МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата.

-Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, рече Царовска.

За учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14 јуни) претстои пријавување за упис во средните училишта во кои, според објавениот Конкурс, слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија или естетика. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) го полагаа во саботата.

Поради отежнатите услови за настава и на барање на Сојузот на средношколци, за оваа генерација матуранти е изменет концептот на државната матура откако во февруари беше постигнат договор со Владата – полагаат еден екстерен испит помалку од минатите години и имаат тестови по скратени наставни програми за сите испити (екстерни и интерни).

Во текот на оваа учебна година Министерството за образование и наука подготви и најави повеќе новини за наредната. Во март ја усвои новата Концепција за основно образование според која ќе се учи по нови наставни програми. Од септември тие најпрво ќе бидат воведени во прво и во четврто одделение и веќе се изработени, а во наредните пет години се планира за целото основно образование.

МОН изработи и нов закон за учебници со цел да се применуваат дигитални содржини. Според планот, од 2021/2022 дигитални учебници ќе бидат во употреба за четвртоодделенците, а во идните години во повисоките одделенија во основното, како и во средното образование. За учениците до трето одделение ќе останат во употреба печатените (хартиени) учебници.

Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование е во процедура во Собранието, а поради барања тој да биде повлечен, законодавниот дом прими и предлог на иницијатива од родители да се распише референдум за непосредно изјаснување на граѓаните. /МИА/.

Next Post

Извршната наредба на Бајден - порака да не се блокираат процесите во државава, охрабрување и мотивација

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk