ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одржана конститутивната седница на Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност

June 10, 2021 12:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Владата на Република Северна Македонија е конституиран Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, самостоен стручен орган кој ќе работи на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност во државата. Националниот совет има обврска еднаш годишно да ги информира Собранието и Владата за предлог мерките, решенијата и препораките што ги дал за подобрување на високообразовната дејност. Се формира согласно Законот за високо образование и е составен од 15 члена – 12 професори, и по еден член од МАНУ, од деловната заедница и од студентите. Министерката на образование и наука Мила Царовска, на членовите на Советот им го честиташе изборот во едно од најзначајните тела за високото образование и научно-истражувачка дејност.

 

„Исправени сте пред бројни и разновидни предизвици кои ги вклучуваат квалитетот во високото образование и истражувањата, придобивките за студентите и деловната заедница, квалификациите, студиските програми. Вашата стручност и компетентност, на чии принципи се темели вашата работа и одлуки, треба да овозможат водење на политики чија примена ќе има за цел ставање на високото образование во служба на општеството и неговиот развој“, рече Царовска.

 

Со оглед на тоа што како држава сме член на Болоњскиот процес, високообразовни политики треба да бидат втемелени на документите усвоени во тие рамки како и на анализите, препораките и ставовите на Европската Универзитетска Асоцијација (EUA), Европската студентска унија (ESU), Бизнисевропа, Советот на Европа и слични организации кои се исто така членки на Болоњскиот процес. Исто така корисни можат да бидат примерите од другите земји, но, како што нагласи Царовска, само како инспирација во воспоставувањето на решенија кои ќе бидат наши, сообразени на контекстот во нашата држава.

Меѓу приоритетните задачи на кои треба да работи Националниот совет се незадоволителните оценки на квалитетот во високото образование, како и прашањата поврзани со студентите како што се проодноста и нивниот стандард, а негов придонес се очекува и во подготовката на новиот Закон за научно-истражувачка дејност.

„Нашите очекувања, кратко кажано, се мошне едноставни, препознавање и насочување на расположливите ресурси во насоки со најголеми придобивки и пронаоѓање на нови кои ќе постават сигурна основа за натпревар и развој“, рече министерката Царовска.

Очекувањата од Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност се дека ќе овозможи унапредување на финансиската автономија на универзитетите. Советот предлага Уредба за мерила и критериуми за финансирање на високото образование, која потоа ја носи Владата на Република Северна Македонија, врз основа на годишните финансиски планови на високообразовните установи кои содржат број на студенти, тековни трошоци, реални трошоци за спроведување на секоја студиска програма и инвестициски трошоци.

Next Post

Заев во Тирана: Реализацијата на проектите со поддршка на Економско-инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан обезбедува соработка и долгорочно економско закрепнување на регионот и ги забрзува интеграциските процеси

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk