ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Дигиталните учебници се само дополнителна алатка за учење, наставникот ќе ја има главната улога во наставата

June 10, 2021 20:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување на Телевизија Тера одговарајќи на прашање на каков начин ќе се одвива наставата со воведувањето на дигиталните учебници во четврто одделение рече дека наставниците и понатаму ќе ја имаат клучната улога во предавањето на материјалот, а дигиталните учебници и други материјали ќе бидат дополнителна алатка за учење.

„Да не заборавиме главниот ресурс за информирање и стекнување на знаење е наставникот. Фокусот во училница е наставникот. Не е таблетот. Не е учебникот. Ако наставникот ги води низ знаењата, учениците многу побрзо поедноставно ќе ги разберат информациите кои треба да ги имаат кај себе. Исто така и тој треба да ги насочува каде понатаму да истражуваат, па да се вратат во училница и таму да ги дискутираат информациите што ги добиле од дигитален учебник, од библиотеката во училиштето од домашна литература, да разговараат со родителите и понатаму да имаме едно знаење што е усвоено и не е потребно само да се репродуцираме туку треба да го употребуваме тоа знаење. Кон сето тоа се стремиме“, рече Царовска.

Министерката објасни дека печатени учебници ќе има од прво до трето одделение.

Дополнително сите лектири и целата друга литература останува печатена бидејќи ученикот треба да гради однос кон книгата и тоа е значајно за да се научи читање со разбирање. Додека во погорните одделенија ќе има можност да се испечатат учебниците, но ќе има и дигитални учебници кои етапно ќе се воведуваат, почнувајќи од четврто одделение па нагоре.

„Дигитални учебници се само едно средство за дополнително информирање или пренесување на знаење на ученикот. Во досегашните учебници имате напишано експеримент по хемија и треба да го прочитате и разберете, но со дигиталниот учебник ќе понудиме мултимедијална содржина преку која учениците ќе може да видат како се прави експериментот, што е сосема поинакво нивото на примање и памтење на информацијата“, рече Царовска.

Истовремено со процесот за дигитални учебници МОН прави набавка и на кабинети, витрини, и китови по природни науки , затоа што е многу значајно учениците да бидат вклучени во одреден процес на експеримент или некое истражување со кое ќе ги заинтересираме за дадена научна област.

Next Post

Бајден: САД и Велика Британија ги потврдија „специјалните односи“ со ревитализираната Атлантска повелба

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk