ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пократок полицискиот час во Грција

June 12, 2021 08:54
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска музиката повторно се враќа во угостителските објекти во Грција, а полицискиот час е пократок и ќе почнува во еден часот и 30 минути, наместо 30 минути после полноќ како што беше досега, во рамките на дополнителното олабавување на мерките во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Со измените во полицискиот час, се продолжува и работното време на угостителските објекти до еден часот и 15 минути, а и понатаму ќе работат само во надворешните делови и само за посетители кои седат на маса.

Нема промени за ноќните клубови, дискотеките и внатрешните делови на угостителските објекти, кои продолжуваат да бидат затворени.

Паралелно, од денеска се зголемува и дозволениот број присутни на настаните на отворено од 50 на 75 отсто од капацитетот, во зависност од големината на просторот.

Според заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас доколку епидемиолошката слика во земјата е добра, од 1 јули целосно ќе биде укинат полицискиот час, а на прославите дозволени ќе бидат најмногу 300 гости, наместо 100 како што е сега.

Актуелните мерки во Грција, освен за грчките граѓани, важат и за туристите.

Професорката и членка на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција Вана Папаевангелу на вчерашната редовна прес-конференција истакна дека епидемиолошката слика во земјата се подобрува, бројот на нови случаи е во просек под 1.000 дневно, намален е на 2,3 отсто процентот на позитивни случаи во однос на направени тестови, а хоспитализирани се 1.700 лица.

Од почетокот на епидемијата, во земјата има 413.954 заразени и 12.381 смртен случај.

Во однос на процесот на имунизација, заклучно со вчера, биле аплицирани вкупно 6.665.626 дози, над четири милиони граѓани ја примиле првата доза, а 2.660.260 се комплетно вакцинирани. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

May 14, 2025

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk