Последните информации од Копенхаген носат позитивни вести, дека репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен, е свесен, односно полека се опоравува по драматичната ситуација по колабирањето среде натпреварот против Финска на ЕУРО 2020, објави Екипа.
Фотографијата како Данецот лежи на болничката носилка донесе радост на милиони фудбалски фанови во светот, чии молитви се играчот на Интер.