ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во опасна акција, новозеландската војска извлече шест жртви на вулканска ерупција

Властите под притисок на семејствата на жртвите се согласија да ја изведат операцијата, иако опасноста од нова ерупција во следните 24 часа беше проценета на 50 до 60 отсто.

December 13, 2019 10:09
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Членови на војската на Нов Зеланд, опремени со заштитни маски и специјални одела, извлекоа шест тела од вулканскиот Бел остров каде претходно неделава се случи ерупција, а лекарите и натаму се борат за животите на тешко повредените лица, кои се здобија со изгореници, пренесе МИА.


Операцијата беше посебно ризична поради непосредната опасност од нова ерупција. Властите под притисок на семејствата на жртвите се согласија да ја изведат операцијата, иако опасноста од нова ерупција во следните 24 часа беше проценета на 50 до 60 отсто.

„Телата на жртвите се извлечени со хеликоптери, во кои имаше осуммина елитни припадници на новозеландската војска“, соопшти полицијата. Шест од осум тела се извлечени од островот и префрлени на морнарички патролен брод, со кој ќе бидат транспортирани на копно, каде ќе се изврши идентификација.

При ерупција на вулкан во понеделникот загинаа најмалку 16 лица, кои престојувале на туристичкиот Бел остров. Повеќето од 29-те преживеани се сè уште во болница, од кои 22 на Нов Зеланд и седум во Австралија.

Во моментот на ерупција на островот имало 47 туристи и водичи од Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.

Next Post

Стечајците ќе добиваат 8.200 денари до пензија

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk