Инаку новиот закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата или „стечајци“ овозможи право на надомест од државата да остварат уште околу 1.600 стечајни работници.
Со последните измени материјално се обезбедија лицата кои со претходните законски решенија имале возраст помалку од 52 години за жена, односно 55 години за маж, како и лица на кои им престанал работниот однос во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.
Со претходните две законски решенија право на надомест остварија околу 10.000 граѓани, а со најновото уште 1.600. Со претходниот закон пак, донесен во време на поранешната власт такво право оствариле 4.700 граѓани.