ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот

June 17, 2021 12:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање, вели премиерот Зоран Заев три години по потпишувањето на Преспанскиот договор со кој беше решен спорот со Грција.

-На 17 јуни 2018 година во еден од најубавите предели на Европа, на тромеѓето на Преспанските Езера беше потпишан историскиот Преспански договор. Со Договорот од Преспа, се реши речиси тридеценискиот спор со Грција кој имаше сериозни негативни билатерални, регионални и мултилатерални импликации и кој светот го препознаваше како тежок и нерешлив проблем, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

На потпишувањето на овој историски договор, нагласува, му претходеше процес низ кој се негуваше и градеше пријателство меѓу двете земји што беше еднакво важно како и решението кон кое се стремевме.

-Со тогашниот премиер Ципрас си рековме дека нема да го ставиме процесот во кутијата на црвените линии. Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис.

И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е – невозможно!

Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите. Ние, јас и премиерот Ципрас, министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров, членовите на нашите влади, заедно со нашите соработници и со поддршката на Обединетите Нации, на Европската Унија и со поддршката и на нашите заеднички стратешки пријатели, бевме одлучни дека ќе дојдеме до решение. По достоинствено и прифатливо решение за двете страни, нагласува премиерот.

Денес, додава, имаме само придонеси од решената разлика.

-Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и придонесовме да зајакне регионална стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан, пишува Заев.

Според него, Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрзала нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.

Република Северна Македонија, нагласува тој, стана 30-та полноправна членка на НАТО и на 14 јуни оваа година, запиша уште една значајна страница во својата современа историја – рамо до рамо со своите сојузници учествуваше во креирање на стратегиите на алијансата за претстојната декада, НАТО 2030.

-Светот и меѓународната заедница оддадоа признание дека спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но, дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање, вели Заев додавајќи дека Договорот од Преспа останува да порачува дека како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите.

извор: МИА

 

Next Post
Фото: Фејсбук профил од Христијан Мицкоски

НАТО занемарен на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk