ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски, Спасовски, Бочварски, Рустеми: Изградбата и модернизацијата на Коридорот 8 е стратешка цел на Владата

June 17, 2021 16:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски, директорот и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и Благочје Трпевски, беа на локацијата каде во моментов се врши рехабилитација на регионалниот пат Куманово – Страцин, патна делница која е составен дел од Коридорот 8, информираат од Владата.

Оттаму посочуваат дека регионалниот пат Куманово-Страцин се рехабилитира во две фази. Првата фаза од Куманово до село Војник е во должина од 15 километри, со инвестиција во износ од 4,7 милиони евра, пари обезбедени дел преку ИПА 2 програмата, а дел од финансирањето се реализира преку Буџетот на Владата на Република Северна Македонија. Во втората фаза од село Војник до Страцин се реконструира делница од 16 километри за што ЈП за државни патишта инвестира 7,2 милиони евра, велат од Владата.

-Ова е пример како треба да се грижиме за својот регион, за сите региони во државата, како сите региони треба да се развиваат, се со цел да ги подобруваме и условите за живот но и да се грижиме за одржливиот раст и развој на секој регион. После 4 децении целосно се реконструираа и рехабилитираа, регионалните патни правци што ги поврзуваат граѓаните со овие центри од регионот. Во овој регион имаме десетици проекти коишто се реализираат, и преку програмата за рамномерен регионален развој и веќе се одобрени, изјави вицепремиерот Николовски.

Министерот за внатрешни работи Спасовски, посочи дека инвестициите во патната инфраструктура во кумановско-кривопаланечкиот регион се единствените вложувања по 40 години.

-Ќе напоменам дека само во овие три години сите регионални патишта се реконструирани или е во тек реконструкцијата и притоа се гради еден експресен пат. Ако сакаме да имаме поголема безбедност во сообраќајот со помалку жртви, помала материјална штета и помалку повредени лица, треба да имаме и добра инфраструктура. И токму затоа и заедно настапуваме за сето тоа што не беше направено, рехабилитирано, обновено да го завршиме што е можно побрзо и на тој начин да создадеме подобри услови и поголема безбедност во сообраќајот, изјави министерот Спасовски.

Министерот за транспорт и врски Бочварски рече дека интензивно се вложува во изградба на нови автопатски делници, на нови експресни патишта во сите општини, а започната е и реализацијата на проектот за изградба и рехабилитација на локалната патишта за што се инвестираат 70 милиони евра.

-Покажавме и докажавме силна волја за развој на патната мрежа во цела држава. Во овој североисточен дел на Коридорот 8 имаме силни инвестициски зафати за негова комплетна рехабилитација и модернизација. Покрај оваа инвестиција, со силен интензитет работиме и на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, а потоа и од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир каде се врши проширување на патниот правец со трета лента. Вкупните инвестиции само во овој регион изнесуваат преку 80 милиони евра, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми посочи дека се избрани консултанти за изработка на проектна програма за проектирање на нов експресен пат Романовце – Страцин којшто е планиран да се финансира од ИПА 3.

-Нашата цел е сигурни и безбедни патишта кои ќе нè поврзуваат со регионот. Токму во таа насока, минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и со отпочнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион сакаме да добиеме комплетен Коридор 8 кој ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот, изјави директорот Рустеми.

Покрај оваа инвестиција, во кумановско-кривопаланечкиот регион, со силен интензитет се работи и на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, а потоа и од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир каде се врши проширување на патниот правец со трета лента. Вкупните инвестиции само во овој регион изнесуваат преку 80 милиони евра.

Next Post

Одлагањето на пресудата за случајот „Тортура” за одбраната е јасна, за Обвинителство не

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk