ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки

June 17, 2021 16:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки. Верувам дека на фронтот на ЕУ треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска која учествуваше на панел дискусија на форумот ГЛОБСЕК во Братислава, заедно со министрите за одбрана на Словачка, Јарослав Над и на Канада, Харџит Саџан.

Според министерката, блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ креира вакуум, што ја отвора вратата за старите сценарија кои ништо добро не му донеле на Балканот и на Европа.

– Кога станавме членка на НАТО и ова беше војна која оние кои се обидуваа да нè спречат, ја изгубија, тие не губеа време, тие веднаш се свртеа кон другата цел – ЕУ, поткопувајќи го членството кон ЕУ и испраќајќи силна порака низ Балканот дека на западот не смее да му се верува. Видовме ехо во Белград, Приштина, Сараево па дури и Подгорица – дека во Северна Македонија, направија големи реформи, дојдоа до решение со Грција по 3 децении, влегоа во НАТО, но видете со ЕУ – тие не ги исполнија своите ветувања, рече Шекеринска.

Зборувајќи за НАТО Агендата 2030, министерката рече дека членството на нашата држава во НАТО е резултат на храбри одлуки, а по потпишувањето на Преспанскиот договор, двете влади покажале политичка волја да решат спор кој предолго траеше.

-Треба да се предизвикуваме како политичари да бидеме храбри, да ја предизвикуваме статус кво ситуацијата. Пред три години го потпишавме Преспанскиот договор и никој не очекуваше да успее. Успеа. Денеска сме членка на НАТО. Двете Влади покажаа политичка волја да решат спор кој предолго траеше, рече Шекеринска.

Како што подвлече Шекеринска, НАТО го одржа својот збор кога станува збор за приклучувањето.

-Задоволна сум што го одржавме зборот за политиката на отворени врати и на овој Самит, тоа е многу важно, но верувам дека на фронтот на ЕУ, како што рече претседателот на Комисијата, треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен. Мислам дека е време да се оди напре,” рече министерката.

извор: МИА
Next Post

Заев – Радев: Имаме обврска да го градиме пријателството меѓу нашите братски народи

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk