ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележан Светскиот ден на крводарителството заедно со политичкиот врв

June 21, 2021 13:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Црвениот крст по повод Светскиот ден на крводарителството се приклучи кон глобалната кампања за промоција на крводарителството под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“. Заедно со Институтот за трансфузиска медицина денеска им додели плакети на министерствата за здравство, за внатрешни работи и за одбрана во знак на благодарност за досегашната соработка, кои ги примија првите луѓе на овие институции министрите Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска Јанковска.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити истакна дека во светот годишно се собираат 118 милиони крвни единици и доколку пет отсто од вкупното светско население би дарувале крв, тогаш сигурно би биле обезбедени потребните количества во светски рамки.

– За жал ова не е секогаш и секаде така. Високоиндустриските земји тоа го постигнуваат некако, но помалкуразвиените земји се уште не го постигнале. Ние како земја, за среќа наша, сето ова го постигнуваме и некаде нашите потреби од крв се програмираат на 55.000 крвни единици на годипно ниво, рече Саити.

Она што ние сега го постигнуваме датира од 1953 година кога Црвениот крст, Институтот за трансфузиона медицина и Министерството за здравство заедно работат на спроведување на програмата. Според Саити, во девеседетите години во земјата е постигнат максимумот на целите на концептот за максимум доброволно крводарување.

– Од 2010 до денес ги постигнуваме 55.000 програмирани крвни единици, кои значат целосно задоволување на потребите на здравствениот систем во државата, рече Саити нагласувајќи го позитивниот пример на припадниците на министерството за одбрана и за внатрешни работи, но и поддршката од Министерството за здравство.

Припадниците на Армијата, и покрај потешкотиите, учествувале во вкупната бројка на крводарување со околу 1800 до 1900 крвни единици, а не заостанува ни МВР.

– Сакаме да им одадеме признание преку вас, да ги поздравиме сите тие луѓе преку вас кои го направија тој потег за пример минатата година, рече Саити, кој повика да се дарува крв и да придонесеме светот да се движи понатаму.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во изминатата пандемиска година не биле загрозени ниту еден тип на интервенции благодарение на тоа што целокупната програма за крводарителство, која што се спроведува во рамките на МЗ, а во организација на Институтот трансфузиона медицина со помош на Црвениот крст. не запре.

– Динамиката беше еднаква – близу 800 акции во 17 места во државата, дозволи да се земат 55.000 единици крв, тромбоцитна маса и она што беше многу актуелно што спаси многу животи, ковалесцентната плазма, типична за еден дел во лекувањето на пациентите со Ковид -19. Ние ја унапредуваме програмата на Министерството во континуитет. Минатата година таа беше зголемена за близу 20 проценти со истата динамика ќе продолжиме и понатаму заради тоа што Црвениот крст навистина го залужува. Црвениот крст е еден од најсериозните партнери и најдобри партнери којшто ги имаме во текот на менаџирањето на оваа криза, како и во делот на крводарителството, така и во делот на волонтерските акции, поддржување на нашиот систем во ковид-центрите и посебно сега во процесот на спроведување на имунизација во сите пунктови ширум земјата, рече Филипче.

Директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Венко Стомнароски истакна дека минатата година била многу тешка, но оти се надминале сите предизвици.

– Поминавме една многу тешка година. Институтот за трансфузиона медицина беше ставен на многу голема одговорност. Се спремивме силно за да одговориме на предизвиците за да не бидеме критикувани од јавноста за да паднеме во искушение народот и нацијата да не остане без крв.  Се соочивме со тоа, но тоа треба да ни биде еден добар пример понатаму низ годините да бидеме спремни за секакви катасрофи, рече тој.

Министерката за одбрана Шекеринска Јанковска заблагодарувајќи се благодарницата од името на сите припадници на Армијата и МО, им честиташе на претставниците на Црвениот крст за тешката работа што ја завршија оваа година. Спасовски, пак, ги повика сите граѓани да даруваат крв затоа што на тој начин спасуваат живот.

На настанот имаше вклучување во живо во дневниот центар за дарување крв на Град Скопје и во Инстутот за трансфузиона медицина, каде крв даруваа припадници на Армијата и на МВР.

извор: МИА

Next Post

Законот за недела неработен ден ќе предизвика отпуштања и неизвесност во реализацијата на капиталните проекти, предупредува стопанството

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk