ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Препознаени се приоритетите на Владата и тоа, обезбедување повеќе работни места, одржлив раст и дигитализација

June 21, 2021 15:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фатмир Битиќи, заедно со премиерот Зоран Заев и повеќе членови на Владата, и во присуство на повеќе претставници на бизнис секторот, денеска, присуствуваше на промоција на Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија 2021 – 2024, каде учествуваше и се обрати на панел дискусијата насловена „Како може новата швајцарска програма за соработка најдобро да ги поддржи реформските приоритети на Северна Македонија во рамки на нејзината агенда „Европа дома?“.

Во оваа насока, вицепремиерот Битиќи изрази задоволство што во новата програма за соработка во Швајцарија 21 – 24, се препознаени истите приоритети како и оние на Владата и тоа создавање работни места, одржлив раст и дигитализација.

„Продолживме да инвестираме во енергетика како еден од нашите главни приоритети, затоа, воспоставени се неколку стратегии за енергија, енергетска ефикасност и обезбедување стабилност во снабдувањето со енергија за сите. Ние продолжуваме да инвестираме во позелена иднина, обновливи извори на енергија и опции за енергија“, нагласи Битиќи, додавајќи дека одржливиот раст на приватните бизниси обезбедува пристојни и инклузивни можности за вработување.

Тој посебно акцентираше дека индустриите што произведуваат нови вредности и генерираат инвестиции беа поддржувани пред кризата, но уште повеќе тие се поддржани сега, бидејќи новосоздадените работни места можат да ги вратат невработените луѓе, кои останаа без работа поради КОВИД 19, на пазарот на трудот.

„Само што се вратив од официјалната посета на Швајцарија каде се сретнав со неколку потенцијални партнери и инвеститори. Но, исто така, започнавме разговори и ќе продолжиме да напредуваме во создавањето на билатерална македонска и швајцарска економска комора што ќе ја зајакне нашата соработка и ќе отвори повеќе можности за нашиот бизнис“, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Битиќи информираше дека при крај е првата фаза, по што ќе следува втора фаза, на Националната стратегија за развој, на нашата земја во следните 20 години, стратешки документ,  кој ќе го отвори патот за нашата земја и ќе создаде визија за следните две децении.

„Оваа Национална стратегија за развој ќе биде упатство за креирање на политики, како и за нашите приоритети како Влада, но исто така ќе даде и поширок поглед на меѓународната донаторска заедница, како правец  во кој треба да се движат приоритетите на нашата земја“, заклучи вицепремиерот Битиќи изразувајќи благодарност на амбасадата на Швајцарија и амбасадорката, Н.Е. Сибил Зутер Техада, за организацијата.

Вицепремиерот Битиќи изразис благодарност и на шведскиот народ и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), која е дел од Сојузното министерство за надворешни работи и Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО), надлежни за економските програми и развојната економска политика во однос на животната средина, намалување на сиромаштијата и економскиот развој.

Соработката со Швајцарија, еден од наголемите билатерални партнери на нашата земја  трае од 1992 година и се темели врз швајцарската традиција на солидарност и одговорност и е дел од комплетната грижа која оваа земја ја посветува за стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Програмата за соработка 2021-2024 ги следи реформските процеси на Северна Македонија, кои се насочени кон Евро-атлантската интеграција и кон постигнување на Целите за одржлив развој, со фокус на демократското управување, одржливиот економски развој, животната средина и одржливите услуги на јавните претпријатија, вклучително и родовата еднаквост, социјалната инклузија и дигитализација и се имплементира преку заеднички проекти кофинансирани со Владата и меѓународни организации и приватниот сектор.

Next Post

Раст и на депозитите и на кредитите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk