ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Големата визионерска идеја за обединета Европа денес има проблем, а проблемот е самата ЕУ

June 23, 2021 14:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денес Европа има проблем. Големата, визионерска идеја за обединета Европа денес има проблем, а проблемот е самата Европска Унија. Брисел ни порача дека ЕУ не успева да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблем. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ. Но ние не сме сами и нема да бидеме сами, ниту изолирани“, истакна премиерот Заев во заедничката изјава со албанскиот премиер Еди Рама после  Првиот Економски Форум во Скопје.

Заев нагласи дека македонскиот народ и албанскиот народ пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија, исти вредности – тоа се европските вредности, а не политиките на ѕидови и поделби, рече Заев.

„Ние не запираме, а знам дека на овој пат со нас се и Србија, Црна Гора, Косово, БиХ.

Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не.

Нашите народи и влади, среде Балкан, демонстрираат европски манири – забрзано ги тргаме пречките и границите меѓу нас, за граѓаните, услугите и стоките да ни се движат слободно. Имаме заеднички идеи, предизвици и култури со нашите братски народи од регионот“, истакна Заев.

Тој подвлече дека се тука со премиерот Рама, за, како што рече, да си ги зближиме уште повеќе народите.

„Имаме пораки и за нашите граѓани, и за европските граѓани, и за домашните и за европските политичари – алармот е вклучен, суштината и вредностите на Европската Унија се доведени во прашање.

Европските вредности се заеднички за земјите од ЕУ, но и за земјите кандидатки за членство кои ги прифатија и ги развиваат.

И еве, денеска тие вредности се афирмираат од Западен Балкан: Инклузивноста, мобилноста, толеранцијата, правдата, солидарноста.

Треба да знаат сите од Европската Унија, кои овие вредности ги прифатија и ги промовираат како составен дел од европскиот начин на живот, дека никој и со ниту еден акт не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото, човековите права.

Минатата недела јас и делегацијата на Владата на Северна Македонија заминавме во Софија со отворено срце и подадена рака за решение и со подготвеност за исчекор во позитивна насока со Република Бугарија.

Претходно во Софија беше и премиерот Рама.

Иако направивме заеднички позитивен исчекор, за жал, и покрај јасните и недвосмислени пораки од целата меѓународна заедница дека сега е моментот да се најдат сили за пробив, бугарските колеги не успеаја да соберат доволно сила да одобрат почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Без разлика колку бевме свесни и воздржани во очекувањата, одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија сепак е големо разочарување, но и огромен неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето и лоша порака за целиот регион.

Гласот на Бугарија да не ја одобри преговарачката рамка, наспроти едногласниот став на сите останати 26 земји членки, сметаме дека не е во духот на добрососедските односи.

Нашата позиција е јасна: ние сметаме дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди.

Токму затоа сметаме дека во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји членки на ЕУ.

Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори.

Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство.

Северна Македонија стана 30 полноправна членка на НАТО Алијансата и седна на масата со најмоќните земји на чело со САД.

Денеска сме и НАТО партнери со Албанија, но и со Бугарија и Грција, и со сите останати земји членки на НАТО.

За Албанија и Северна Македонија ЕВРОПА останува единствената алтернатива и стратешка национална цел, за која вложуваме искрени напори. За нас европските вредности се светост, колку и самата ЕУ да не успева да ги одбрани. ЕУ нема ексклузивитет врз Европа.

Затоа ние, преку “Акција 2021” и преку “Европа дома”, сериозно ги имплементираме европските вредности дома. Продолжуваме и понатаму на реформскиот пат. И цврсто стоиме на ставот дека ЕУ ни должи испорака на ветеното. Нам ни треба забрзана европеизација и низ процесот на отворање на преговарачките поглавја.

Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан.

Сѐ уште му даваме шанса на процесот, и остануваме посветени на нашата стратешка цел – членство во ЕУ и целосна имплементација на европските вредности и стандарди во Република Северна Македонија и Република Албанија.

Имам уште една порака. Тие што ме знаат добро, знаат дека не се откажувам. А тие што не ме знаат, нека знаат дека не се откажувам. Ќе одам во Софија повторно, и повторно, и повторно… и ќе барам решенија.

И ние во таа цел ќе успееме!  Северна Македонија е Европа. Албанија е Европа. Балканот е Европа. Благодарам.“, потенцира премиерот Зоран Заев.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Шахпаска му помогна на полицаец кој колабира при откривање на спомен обележје во Берово

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk