ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи на „Првиот економски форум“ во Скопје: Успешно се справивме со економските последици од КОВИД – 19 на што укажуваат и статистичките податоци кои укажуваат на брзо заздравување на економијата

June 23, 2021 14:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фатмир Битиќи, денеска во рамки на Првиот економски форум, во Скопје, во х. „Александар Палас“, учествува на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата“ заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Форумот, чиј фокус се поставувањето темели за стабилност и просперитет во Северна Македонија, со официјално обраќање го отвори претседателот на Владата, Зоран Заев, а, министри, владини претставници и претставници на Амбасади и истакнати бизнисмени учествуваат во повеќе панел дебати, посветени на стабилноста и соработката во регионот на Балканот, економскиот развој на земјата по пандемијата од KOVID-19, за странските инвестиции, унапредувањето на инфраструктурата, енергијата, туризмот и одржливиот економски развој.

„Ако говориме за влијанието на глобалната пандемија врз нашата економија, ние не почувствувавме тешки последици како останатите земји, бидејќи ако можам да кажам, многу брзо ги увидовме можностите за ефективно справување и ја согледавме можноста кризата да ја искористиме за економски развој и конкурентност на нашата економија и во днос на привлекување на странски инвестиции“, рече вицепремиерот Битиќи, обраќајќи се на панелот за економското закрепнување на нашата земја по пандемијата од КОВИД-19.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека како држава бевме единствени во справувањето со кризата и следејќи ја ситуацијата, Владата донесе шест пакети економски мерки, што овозможи да можеме брзо да се прилагодуваме на новонастанатите ситуации.

„Според речиси сите статистички податоци, во последниот месец посебно, јасно е дека постои тенденција на заздравување на економијата на Северна Македонија“, додаде Битиќи.

„Моментот кој сега мораме да го искористиме, според мене е засилена работа на остварување на целите од Берлинскиот процес и креирање на заедничка – регионална економска зона. И да одиме чекор понапред и да гледаме кон регионална конкурентност наспроти регионална конкуренција што е практичен чекор за како да ги искористиме потенцијалите на регионот и да бидеме дел од вредносниот ланец на поголемите економии, но и да сме регионално конкурентни и единствени во привлекувањето на странските инвестиции“, истакна вицепремиерот Битиќи, учествувајќи на панел дискусија на Првиот економски форум во Скопје.

Организатор на денешниот Форум е Делфи економскиот форум, познат по годишните средби во Грција, заедно со Грчката бизнис асоцијација од Северна Македонија, во партнерство со домашните компании.

Целта на Економскиот форум во Скопје е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и поширокиот регион.

Next Post

Дерала: Сериозен дел од тоа што го кажуваат големите институции, се заснова на нашите сознанија, извештаи и комуникацијата со гласачите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk