ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Нема повеќе „Само да прашам“ граѓаните ќе добиваат документи електронски

June 24, 2021 08:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Едно од клучните мерки за борба против корупцијата е пакетот за дигитална трансформација што Владата го прифати и до јули следната година 1304 треба да бидат приклучени на системот и да црпат информации од Централниот регистар на население, со што би им се олеснил животот на граѓаните, но и би се намалила корупцијата во институциите, рече во вестите на Сител, Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција.

-Ова значи дека до 1 јули 2022 година сите институции добија рок дека мора да ја набават опремата, а Министерството за финансии треба да ја одобри набавкатга за опремата и мора да се приклучат на системот, за граѓаните електронски да поднесуваат барањата и да добиваат документи но и самите институции да бидат поврзани и да не бараат куп документи од граѓаните кога им се потребни, појасни тој. Тој посочи дека со овој процес кога одите во банка за да ви одобрат кредит вие само подавате лична карта и сите информации од катастар, матична евиденција итн банката ги повлекува од потребните институции и ги употребува во одредена постапка. -Исто така ако сакате да смените адредса во личната карта, не мора да носите имотен лист, службениците системски ќе го побараат вашиот имотен лист и автоматски ќе ја внесат новата адреса. Не трошите време за барање документи. За да запишете дете во градинка тоа го правите електронски, а градинката ги обезбедува податоците кои се потребни. Ова значи брзи, електронски услуги, нема шалтери, нема политика само да прашам, преку ред и сл., нема врски, тоа значи дека нема корупција, нема човечки фактор што на некој начин ја намалува корупцијата и целосно поврзување на институциите, а тоа оди подалеку и нема криење на предмети во фиока, во обвинителствата, финасиската полиција и останати институции кои спроведуваат истраги.

Тој потенцираше дека на овој начин нема недопирливи функционери во системот, а со дигитализацијата и намалување на корупцијата на сите нивоа, на ред се институциите да ја набават опремата со цел овој естонски пакет за брзи, електронски услуги да биде спроведен од 1 јули 2022. -Денеска ако сакате да склучите брак треба три пати да одите во институцијатата, еднаш да закажете, втор пат да однесете докази, трет пат да се венчате, со овој систем електронски се поднесува барање, управата ги повлекува сите документи потребни од институциите вие лично одите само на свечениот чин. Се елиминира целокупниот човечки фактор, рече тој.

Next Post

Учениците да се вратат во училиштата од септември, Филипче вели протоколите за учебната година се речиси готови

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk