ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Дводневен Самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред Ковид-19, економското опоравување, миграциите и надворешните односи

June 24, 2021 09:48
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе го започнат дводневниот Самит, последен под претстедателство на Португалија, на чиј дневен ред се прашања поврзани со состојбата со Ковид-19, економското опоравување во посткорона периодор, миграцијата и надворешните односи, пред се со Турција и Русија.

Самитот почнува попладне и на стартот е предвидено лидерите на ЕУ да имаат работен ручек со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на кој ќе разменат мислења за глобалните предизвици и геополитичките прашања.

– Опоравувањето од пандемијата со Ковид-19, како во ЕУ, така и во светот, ќе биде клучна тема. Успешната кампања за вакцинација што е во тек низ цела ЕУ, заедно со лансирањето на дигиталниот ковид-сертификат, ќе го олесни слободното движење во текот на летните месеци и пошироко. Сепак, треба внимателно да ги следиме варијантите и да го спречиме нивното ширење на координиран начин, се наведува во поканата за Самитот упатена до лидерите на ЕУ.

Во делот на стратегијата за постковид економското заздравување, на средбата ќе стане збор за имплементацијата на планот „Следната генерација на ЕУ“, како и за националните планови за закрепнување, зелените и дигиталните транзиции на Унијата, како и за плановите за раст на блокот во следните децении.

Предвидено е учесниците на Самитот да говорат за прашањата со миграцијата и состојбата на различните рути по кој мигрантите се упатуваат кон ЕУ.

– Нашата цел продолжува да биде да спречиме загуби на животи и да го намалиме притисокот врз границите на ЕУ. Затоа, ќе се фокусираме на надворешната димензија, со цел зајакнување на нашата соработка со земјите на потекло и транзит. Треба да спроведема акција што брзо ќе донесе резултати, се додава во поканата.

Што се однесува до меѓународните прашања, лидерите на ЕУ ќе се разговараат за односите на блокот со Турција и Русија, за состојбата во Белорусија, како и за случувањата во Либија, реонот на Сахел и Етиопија.

Во текот на утрешниот ден предвидено е лидерите на ЕУ да се сретнат со првите луѓе на Европската централна банка и Еврогрупата, при што ќе разговараат за поттикнување на силно и одржливо економско закрепнување, за пазарите на капитал, како и за координација на политиките во Еврозоната.

Прашањато за проширувањето за ЕУ со земјите од Западен Балкан не е на официјалниот дневен ред на Самитот, откако во вторникот на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) Бугарија не отстапи од својот став за околу ветото за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. По ваквата одлука на ГАК, португалската државна секретарка Ана Паула Закариаш, која претседаваше со состанокот, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со Северна Македонија врз основа на овој предлогот на Португалија.

– Португалското претседателство даде максимум за да изнајде компромис, решение, сакавме денес да имаме не две туку четири меѓувладини конференции, рече Закариаш во вторникот алудирајќи на двете меѓувладини конференции што се одржа истито ден во Луксембург со Србија и Црна Гора.

Закариаш на прес-конференција по состанокот не одговори на прашањето дали лидерите на ЕУ на Самитот што почнува денеска ќе се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го крене ветото, како и дали воопшто ќе се разговара за проширувањето и Северна Македонија.

Сепак, како што јави дописничката на МИА од Брисел, иако не е официјална точка на дневен ред, се очекува на маргините на Самитот, некои земји да се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го промени ставот на Бугарија.

Во вторникот и шефот на дипломатијата Бујар Османи оцени дека можноста да се добие почеток на преговори за членство на Самитот на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, но потенцира дека претседателот Радев има целосен политички мандат и можност да го повлече ветото, односно на лидерската средба да се донесе одлука за страт на пореговорите.

– Не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската комисија, на сите 26 земји членки. Ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, но имајќи предвид дека тоа е во стратешки интерес и на Бугарија дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24 и на 25 јуни, посочи Османи, додавајќи дека се јасни ставовите на останатите 26 членки, за неоправданоста на ставот на Бугарија и сметаат дека Северна Македонија одамна ги има исполнето условите и е крајно време да ЕУ да испрати јасна пораката кон регионот.

извор: МИА
Next Post

Вицепремиерот Битиќи на доделување на признанија за придонес кон одржливиот развој - Постигнувањето на целите за одржлив развој ќе придонесат за повисок квалитет на живот и подобар животен стандард

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk