ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Втор регионален мастерклас за жени од е-трговија од Балканот

June 24, 2021 10:52
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка на жените претприемачи за време на нивното дигитално патување“  е темата на вториот регионален Мастерклас за жени од е-трговија од Балканот, што ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули во виртуелен формат. Мастеркласот е дел од eTrade for Women иницијативата на УНКТАД (Телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој).

Настанот се организира под водство на Нина Ангеловска, која е назначена за УНКТАД Амбасадор за e-трговија за Балканот, а во коорганизација на УНКТАД и Асоцијација за е-трговија на Македонија каде Ангеловска е претседател. Тој е дел од серијалот „eTrade for Women Masterclasses“, кој се организира низ целиот свет, во соработка со жените – амбасадори за е-трговија на УНКТАД.

– Регионалниот Мастерклас има за цел на едно место да собере 100 жени – дигитални претприемачи кои управуваат со дигиталната економија на Балканот (Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија) и да им даде шанса да ги унапредат своите вештини и да се запознаат со други успешни жени од регионот, наведува во најавата за настанот Асоцијацијата за е-трговија во Македонија АЕТМ.

Првиот ден од Мастеркласот ќе биде во „конференциски стил“, каде што сите учесници ќе можат да научат релевантни работи од еминентни говорници и експерти поврзани со е-трговијата преку keynote презентации. Во првиот ден од агендата ќе можат да се проследат и панел дискусија на високо ниво за креирање на политики во е-трговија, во која ќе учестуваат претставници од УНКТАД, од Холандската амбасада во земјава, од албанското Министерство за финансии и економија, претседателот на АЕТМ и претставник од приватниот сектор од Србија, како и неформален „Fireside” разговор со Нина Ангеловска, кои ќе бидат достапни за целата јавност, во живо, преку социјалните профили на АЕТМ и УНКТАД.

Вториот ден од Мастеркласот ќе биде т.н. „интерактивен ден“, посветен на интерактивни сесии за учење, како и на сесии за меѓусебно запознавање за учесниците и презентирање на нивните бизниси, стои во соопштението.

извор: МИА
Next Post

Најниски цени за пср тест во нашите пунктови на Табановце, Богородица, Дојран, Кисела Вода и на аеродромите Тав Скопје и Тав Охрид

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Би се сретнал со Ким Џонг Ун ако сака, можеби би ја продолжил турнејата

October 27, 2025

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk