ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нов лабораториски фрижидер за Клиниката за ортопедија, донација од Германската амбасада

June 24, 2021 13:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ денеска е пуштен во употреба нов лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива. Фрижидерот чија вредност е 414.156 денари е добиен преку програмата Мали Проекти на Амбасадата на Германија и ќе биде дел од Банката за коскени ткива на Одделот за трансплантација на Клиниката за ортопедија.

 Оваа донација е особено важна за нас поради тоа што годинава првпат се направи експлантација на коскени ткива од починат донор и благодарение на тоа на млада пациентка со карцином, дел од малигното ткиво и коска  и беше заменето со здраво ткиво и коска од починатиот донор. Покрај трансплантацијата на бубрези кои со години се работат, минатата година започнавме со трансплантација на срце, а годинава првпат се експлантираа и коски и коскени ткива. Трансплантациите за овие групи на болни се единствена шанса за живот и за значајно подобрување на квалитетот на живот. Мило ми е што Германската амбасада и амбасадорката Холштајн ја препознаваат нашата заложба за постојано подобрување на здравствениот систем и се наши парнери во неколку значајни проекти, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Како што соопшти Министерството за здарвство, од почетокот на пандемијата со вирусот на Ковид 19 досега Германската амбасада преку проекти и директни донации има донирано 1.450.00,00  евра.
 Му честитаме на македонскиот медицински персонал, националниот координатор за трансплантација на органи и неговиот стручен тим за првите трансплантации на срце од минатата година па наваму, како и првата експлантација на коскени ткива од починат донор, со што беа спасени повеќе скапоцени човечки животи, изјави амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.
Банката за коскени ткива на Клиниката за Ортопедија беше возобновена пред година и половина со што првпат досега се создадоа услови за почнување трансплантација на коски од починат донор.
– Она што беше  само идеја во делот на  проширување на Програмата за трансплантација пред две години, денес е реалност. Со мали но сигурни чекори ја внесуваме мултиоргната трансплантација во здравствениот систем во земјава и со тоа отвараме едно нови поле. За лекарите тоа е поле за нови предизвици, за пациентите тоа е надеж за живот, изјави националниот координатор за трансплантација на органи и ткива, д-р Маја Мојосова Мијовска.
Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ д- р Александар Трајановски, посочи дека првата експлантација на коскени ткива се случи во април годинава, веќе имаше еден реципент на кој беше направена трансплантацијата, а во план се уште неколку  за престојниот период. – Трансплантацијата на коскено ткиво ќе даде надеж за подобар квалитет на живот на многу пациенти. Toa се пациенти со малигни заболувања, спортски повреди, дефекти на коски. Стручниот колегиум на клиниката веќе прави подготовни за следните пациенти кои имаат индикации за трансплантација на коскено ткиво, рече д-р Трајановски.
извор: МИА
Next Post

Потпишан нов Колективен договор на МВР

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk